Стил / Афродизијак
Секс во вода
Сексот во вода е одличен начин да се победи монотонијата во спалната соба и да се зачини сексуалниот живот. Сепак, не сите водени авантури завршуваат со блажен секс. Сексот во бањата може да биде малку комплициран и треба да се подготвите за одредени нешта кои може да ви ја нарушат удобноста во сексуалниот чин.
Останете влажни
И покрај фактот дека во бањата секогаш сте влажни, вашата најинтимна зона ќе биде сува. Водата ги измива сите природни лубриканти, поради што пенетрацијата е помалку пријатна. Нежното ткиво на вагината може лесно да се иритира од хемикалии, како што се купките, сапуните и маслата, а со тоа самиот сексуален чин да биде понепријатен.

Затоа доколку сакате да останете „подмачкани“ за време на водените лудории, користете лубрикант кој не се измива со вода, на пример на силиконска база.
Направете го тоа на безбедно место
Кадата не е баш најсоодветното место за секс. Нејзината површина е лизгава за да може да имате секс како на филмовите.
Стоечката позиција е најчеста при секс во бања иако и таа може да бара одредени маневарски движења. Сексот во мисионерска или „doggy style“ позиција исто така може да биде малку неугоден.
Можеби е најдобро да имате орален секс бидејќи така ќе ја имате ситуацијата под контрола.
Направете го посензуален
Доколку сексот во бањата не ви е комотен секогаш можете оваа локација да ја резервирате за предиграта. Можете нежно да ми го триете грбот на партнерот, нежно да се допирате по интимните места, додека уживате во ароматичните масла кои дополнително ја вжештуваат атмосферата.
Причина поради која исто така е добро да ја започнете сексуалната игра во бањата е фактот што на тој начин ќе знаете дека и двајцата сте свежи и чисти за „палавите“ фантазии кои ќе ги реализирате во спалната соба.
Мислете на контрацепцијата

Многумина мислат дека водата го спречува забременувањето. Тоа е само мит. Не верувајте во приказните дека топлата вода ќе ги спречи сперматозоидите да ја оплодат јајце клетката. Исто така сексот во вода не е заштита од сексуално преносливи болести. Кондомот е најефективен метод на контрацепција, но може да биде проблематично бидејќи при контакт со вода станува лизгав, па лесно може да ви испадне.
Доколку не сте сигурни во безбедноста на сексот во вода, подобро преселете се во спалната соба каде може да се потпрете на контрацепционите методи.
(Д.Т)
|