Стил / Афродизијак
Повеќе Vs еден секс партнер

Сексолозите велат дека повеќето жени и мажи лажат за своите претходни искуства. Жените прикажуваат помалку, мажите повеќе сексуални партнери. Криењето на точната бројка е сосема разбирливо особено што луѓето имаат тенденција да носат заклучоци базирани на искуството во сексот. Но зошто мажите се обидуваат да прикажат дека имале повеќе партнерки, а жените се обидуваат да ја сокријат вистинската бројка?
Дали бројот на партнерите диктира колку сте вешти в кревет? Најверојатно не. Повеќето експерти се согласуваат дека најдобриот секс се случува за време на долгите врски. Постојат повеќе факти со кои може да се поткрепат ваквите тврдења:
Фреквентноста на сексот
Паровите кои живеат заедно многу почесто имаат секс, а од тоа бенифицираат и двата партнера, односно сексот ги прави фит и им дава повеќе самодоверба. Сепак постои можност редовниот секс да стане монотон, особено ако експериментирањето се помалку се применува за време на интимниот однос. Но доколку и двата партнера се согласат да сменат нешто во нивниот репертоар, нивното искуство е особено важно.
Кај оние кои немаат стабилна врска, сексуалниот живот на моменти оди нагоре, на моменти надоле, а сето тоа проследено со зголемена сексуална желба и недостиг на секс.
Сексуално задоволство

Долгите врски кои се базираат на доверба и отворена комуникација подобро се разбираат в кревет. Партнерите можат слободно да зборуваат што им се допаѓа, а што не во сексот, можат лесно да го подобрат својот сексуален живот и со текот на времето целосно сексуално да се усогласат. Тоа им помага и на мажите и на жените да достигнат максимално задоволство при сексот.
Партнерите кои доволно не се познаваат може да се чувствуваат непријатно кога в кревет секој од нив ќе започне да го применува тоа што го преферира. Од една страна недостигот на знаење ја отвора можноста за истражување на сексуалноста, но во друга страна партнерите не се чувствуваат доволно интимни за да отворено кажат што им се допаѓа, а што не.
Сексуално здравје
Нема потреба да се каже дека партнерите кои си се посветиле еден на друг и си ја знаат историјата во сексот се повеќе сигурни во сексуалното здравје. Уште еднаш, отворената комуникација е клучна, а знаејќи дека вашето сексуално здравје исто така влијае и врз здравјето на партнерот ве тера да бидете поодговорни. Партнерите кои се долга врска најдобро ги разбираат методите за контрацепција и најдобро можат да одлучат што е најдоброто за нив.
Имањето на повеќе партнери, особено влијаат на однесувањето на врската. Доколку знаете дека лицето со кое што туку сте имале секс претходно имало повеќе партнери ќе се чувствувате понесигурно и делумно загрижено за своето здравје.
Експерименти во сексот

Некои велат дека повеќе партнери значи и поразноличен сексуален живот. Ова не е точно. Луѓето кои се во долги врски се поотворени и не им е непријатно да зборуваат за своите сексуални фантазии и се повеќе отворени за експериментирање, што па истовремено повеќе ги зближува. Можете со еден партнер да пробате многу нешта во сексот. Иако можеби е полесно да се смени партнерот отколку да се чека да се изгради и создаде таа интимност, сепак последното повеќе се исплати, особено што доколку имате желба да пробате нешто нови, сигурно партнерот нема да ви каже дека нешто не е во ред до вас.
(Д.Т)
|