понеделник, 19.05.2008

  IDIVIDI Мени
Избори 2008
Стил / Афродизијак

Поддршка за машки девици

Различни луѓе различно ја согледуваат главната улога на филмот “The 40 Year Old Virgin“. Некој го сметаат карактерот како сериски убиец или изрод, додека други го жалат и сакаат да му помогнат.

Најчесто старите девици се сметаат за луди, чудни, ненормални, особено ако тоа е ситуација за машка особа.

Но, има неколку фактори кои може да го сменат општото негативно мислење на јавноста за машките девици.

Причина 1: Не е лесно за маж да изгуби невиност

Историски гледано, првото сексуално искуство е предмет на необична гордост за мажот. Затоа повеќето луѓе од посилниот пол се одлучуваат за губење на невиноста што е можно порано.

Според некои истражувања, просечниот Европски граѓанин ја губи својата невиност на 17 години. Ако периодот за остварување на машката цел трае повеќе, самата девица почнува да мисли дека нешто не е во ред со него и прминува од “горд орел“ во “тивка ластовица“.

Постои и друг стереотип: мажите треба да се први кои ќе покажат иницијатива. Ако тоа не го покажат до “одредениот“ период за губење невиност, тие автоматски ќе бидат сметани за срамежливи, губитници и објект за жалење.

Според ова, додека девојките очекуваат да добијат цвеќе од машкото, машкото треба да бара сексуално искуство.
Три сценарија се можни во оваа ситуација: 

1.Плаќање на проститутка за сексуални услуги 

2.Обичен секс со љубопитна школска другарка 

3.Среќна и романтична врска со девојка со која ќе добиете сè.

Првите две варијанти бараат самодоверба и упорност додека третата варијанта може да трае многу време додека да го најдете вистинскиот партнер.

Според овие околности, ако машкото е срамежливо и не може да ја најде љубовта на својот живот, тој може да биде девица долго време.

Во некои земји, има организации кои помагаат во совладувањето на овој проблем. Во Берлин постои братство на мажи девици во кое искусни жени им се нудат за да го “скршат мразот“.

Во Холандија има школи кој вршат обука за сите аспекти на водењето љубов и обичниот секс за сума од околку 3.500 евра и каде на крај студентите губат невиност со своите секси тутори.

Причина 2: Машките девици се поинакви

“Дали е нормален или изрод?“ – скоро секоја жена ќе си го постави ова прашање ако знае дека до нејзе седи машка девица. Вториот одговор е, за жал, почестиот.
Групата на потенцијални долгорочни девици најчесто вклучува мажи кој во своето детство биле премногу заштитени од својата мајка. Истите се карактеризираат со неможност за донесување на средни и големи одлуки без совет од своите родители.

Друга причина за машките девици е не многу атрактивниот изглед во комбинација со тотална самозапознаетост и срамежливост.Самата идеа за да го направат првиот чекор за својот прв секс ги преплашува.

Жените не се исплашени од нивното појавување и изглед, туку од нивната здрвеност и тивко  и чудно однесување.
Сите овие објаснувања не треба да се сфатат здраво за готово. Машката девица може да излезе многу романтична личност која сака со својата искрена љубов да го направи својот прв чекор и кој воопшто не помислува на секс пред да ја најде таа љубов.

Исто така, може да биде и маж кој е убав, без проблеми и со романтични чувства (идеален), но кој има пасивен поглед кон животот.

Верувањата, религијата и личните сфаќања може да бидат дел од факторите за зачувување на невиноста. Исак Њутн и Емануел Кант ја чуваа својата невиност под изговор дека е подобро времето да се искористи за наука, отколку за секс.

Причина 3: Машката невиност може да биде предност (доблест)

Онлајн прашалникот во Индија доведе до заклучок дека 50% од жените сакаат да се омажат за маж кој ја нема изгубено својата невиност. Исто така во Русија е докажано дека жените имаат интерес кон неискусни мажи.
Нивните изјави се следни: “Сакам да имам девица дечко, за промена“, “Имам се, ама не ми треба “користен маж“, “Сакам маж без женско минато за кое нема да се карам“ итн.

Посетителите на форумите се надеваат и ја сфаќаат машката невиност до 23 години, но неможе да ја сфатат невиноста на 35-40 годишен маж.

После 20-тата година, се потешко му е на мажот да го реши својот проблем. Ако тоа не го направи во наредните неколку години, шансата за да не го направи тоа никогаш е доста голема.

Но, да се исповедаат пред жените за својот проблем е автоматски крај на врската (уште пред да започне). Затоа девиците го кријат тој момент и се прават фраери пред своите другари.

Жени - немојте предвремено да ги етикетирате ваквите мажи. Дајте им шанса да се докажат. Можеби ќе се изненадите од нивното брзо учење, па дури и надвладување на ситуацијата во креветот, а сепак во исто време да добиете партнер кој доживотно ќе ве љуби.

(Б.Т)




Наjновo од Стил
Време е за промена на фризурата
Вратете си ја енергијата и расположението
Audi TT Clubsport
Брчки после диета
Деветнаестгодишен Американец стана градоначалник
Како до секси очи
Jaguar XF AJ 21
Секси трикови
12 тајни за сензационален “соло“ секс
Ич или брич?
Водете го партнерот низ сексот
Поддршка за машки девици
Храна што тера на секс
Повеќе Vs еден секс партнер
Секс во вода
Кратките здолништа причина за импотенција
Решете се од срамот и стравот в кревет
Моми и момци
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
Лига на шампиони ’07
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи