понеделник, 19.05.2008

  IDIVIDI Мени
Избори 2008
Стил / Афродизијак

Храна што тера на секс

Сирењето, јогуртот, црвеното вино, лешниците и оревите се само дел од намирниците кои ја зајакнуваат сексуалната енергија.

Остригите и шампањот се на прво место кога станува збор за афродизијаци, но храна која навистина ќе го разбуди вашето либидо сепак не е толку егзотична. Сирењето, млекото, јајцата, бананите, праските, лешниците или оревите се само некои од намирниците кои содржат високо ниво на заситени масти. Грицките и слатките од бело брашно и шеќерот му ја одземаат енергијата на телото и ја гасат страста.

Свежото сирење и немасниот јогурт го подига нивото на допаминот, супстанцата која е заслужна за јакнење на желбата за секс, а јајцата и мала количина на вино на организмот ќе му дадат повеќе енергија. Доколку повторно да „треперите“ од вљубеност, омега 3 масните киселини од рибата ќе ви помогне да ја зајакне вашата осетливост, па така уште повеќе ќе реагирате на секој допир на вашиот партнер.

Црвеното овошје е богато со антиоксиданси, на пример јагодата и црвената боровинка, ја зголемуваат циркулацијата, додека заситените масти од маслиновото масло и мисиркиното месо придонесуваат за зголемување на нивото на тестостерон, оттука мажите стануваат поактивни во кревет.

Црната чоколада го подига нивото на хормонот на среќа, што ќе придонесе за посилно либидо, а намирниците богати со витамин Б, како што се кикириките, млекото, оризот и јајцата ќе ви го олесни оргазмот. Семките од тиква, лешниците и оревите се богати со протеини кои го прават организмот витален и спремен за силна сексуална активност.

Митските афродизиски својства на остригата се поврзани со високата концентрација на цинк, кој придонесува за засилување на мирисот, видот и вкусот, а намерниците со сензуален изглед, како што се бананата, праската и смоквата ја поттикнуваат фантазијата и ја разбрануваат страста.

Од друга страна избегнувајте ги намирниците богати со соја, кои го отежнуваат постигнувањето на оргазмот, ја намалуваат сексуалната желба, но и алкохолот и стимулансите како што е кафето и енергетските пијалаци бидејќи имаат привремено и краткотрајно дејство.

(Д.Т)




Наjновo од Стил
Време е за промена на фризурата
Вратете си ја енергијата и расположението
Audi TT Clubsport
Брчки после диета
Деветнаестгодишен Американец стана градоначалник
Како до секси очи
Jaguar XF AJ 21
Секси трикови
12 тајни за сензационален “соло“ секс
Ич или брич?
Водете го партнерот низ сексот
Поддршка за машки девици
Храна што тера на секс
Повеќе Vs еден секс партнер
Секс во вода
Кратките здолништа причина за импотенција
Решете се од срамот и стравот в кревет
Моми и момци
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи