петок, 16.05.2008

  IDIVIDI Мени
Стил / Афродизијак

Водете го партнерот низ сексот

Молкот е најголем непријател на сексот во една врска, но што ако на вашиот партнер не му иде најдобро в кревет, а вие едноставно  ги повредите геговите/нејзините чувства? Дали треба да му кажете на партнерот дека сте не задоволени или да ја чувате тајната? Најдобро е отворено да му кажете, отколку да дозволите вашата врска да умре, Вашиот партнер нема да знае што не ви се допаѓа доколку не му кажете, но најважно е да знаете како сето тоа да му го кажете!

Дајте му ја иницијативата

Дали се чувствувате дека  ги правите сите напори в кревет? Доколку вашиот партнер не реагира и не ви дава фидбек, тогаш сега е вистинското време за промени.

Кога ќе забележите дека не е постојано во движење и дека не е под притисок прашајте го што и/му смета и што тој мисли и чувствува. Доколку тој/таа има одредени грижи, разговарајте за тоа. Но доколку се е во ред и едноставно е релаксиран и без желба за реципроцитет, можете да го фокусирате неговото внимание на вас, земајќи му ја раката и ставајќи му ја на местото каде што сакате вие, а притоа на увце нежно шепнете му ги важите желби. Има и друг начин за да го направите партнерот поактивен, сменете ја позицијата, и префрлете ја иницијативата врз него.

Објаснете ги вашите потреби

Не ви се допаѓа како се бакнува, но не сакате да го/ја критикувате. Нема потреба директно да и/му кажете. Начинот на кој ги соопштувате вашите потреби игра особено важна улога во тоа како ќе биде повратна реакција. Обидете се да се концентрирате само на вашите потреби кога зборувате за нив. Во спротивно ќе изгледа како да сакате да се одбраните од нешто, а тоа лесно може да доведе до конфликт. Подобро фокусирајте се на заедничкото задоволување, прашајте кое е неговото/нејзиното мислење и оставете тој/таа да одлучат како да направите за повеќе да уживате.

Уште повеќе се препорачува да му  објасните на партнерот дека и двајцата ќе бенифицирате од тоа. Сексот секогаш значи давање и примање.

Водете го партнерот физички и вербално

Доколку поради нешто се чувствувате непријатно за време на сексот, најдобро е полека да ја смените ситуацијата преку постепено водење на неговата/нејзината рака. Фатете го/ја за колковите за да му/и покажете кое движење ви се допаѓа. Почнувате прво со галење пред  нежно да ја земете неговата/нејзината рака и да ја ставите на позицијата која вам ви одговара. Охрабрете го да стенка, вика и зборува „dirty“. Ценете ги нивните напори за подобрување на сексот. На тој начин ќе му/и ја зголемите самодовербата и желбата да се направи се за да се подобри заедничкото сексуално задоволство.

Создадете вистинско расположение

Сексуалната интеракција не смее да биде сериозна и напната. Колку повеќе се релаксирани, толку поголеми се шансите да најдете заеднички јазик. Обидете се со играње на улоги или едноставно разговарајте за фантазии и низ нив обидете се на еден позабавен начин да му ги кажете важите потреби на тој начин, во релаксирана атмосфера вашиот партнер нема да се почувствува повредено.




Наjновo од Стил
Како до секси очи
Jaguar XF AJ 21
Секси трикови
Што крие Клаудија Шифер?
До бронзен тен без ризик
На диета во топ форма
Организирајте ја чантата за шминкање
12 тајни за сензационален “соло“ секс
Ич или брич?
Водете го партнерот низ сексот
Поддршка за машки девици
Храна што тера на секс
Повеќе Vs еден секс партнер
Секс во вода
Кратките здолништа причина за импотенција
Решете се од срамот и стравот в кревет
Моми и момци
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи