Стил / Афродизијак
Ич или брич?

Средувањето на интимните делови веќе одамна не го прават само порно-глумиците. Се чини дека се повеќе жени, а и мажи размислуваат поинаку кога станува збор за изгледот на интимниот дел на нивното тело.
Голем број на жени се одлучуваат и на трајна депилација за да бидат мазни, а сето тоа е благодарение на Бразилките кои ја прославија познатата „бразилска“ фризура, неопходна доколку носите танга на плажа. За вакво парче облека потребно е да се отстранат сите влакненца.
Можеби е време да ги ставите на кантар аргументите „за“ и „против“ средување на интимните делови.
Постојат повеќе причини поради кои некои се одлучуваат за отстранување на влакната, поради носење на панталони со низок струк, танга, како и секси бикини за кое едноставно мора да се отстранат влакната, или пак затоа што сo „бразилска“ се чувствуваат посекси.
И додека некои тврдат дека е поубаво со влакненца, затоа што природата така одредила, други ќе се сложат дека сексот без влакна е многу подобар. „Детскиот“ изглед е аргумент кој го поздравува групата приврзаници на „бразилската“, додека за другиот табор токму тоа е причината зошто влакната не треба да се отстрануваат.
„ЗА“
Избриченото и мазно изгледа секси. Го сакаат чувството кое ви го нуди „бразилската“ – чистота, поголема осетливост на кожата во тој предел, чувство на соголеност. Едноставно речено – полесен пристап.
Тоа ви дава подобар осет без разлика дали сте облечени или голи под ќебе. Сметате дека „бразилската“ ви помага да се чувствувате посексапилно, поатрактивно и самоуверено.
„ПРОТИВ“
Одржување на нескротената фризура, кај вас и кај вашиот партнер го буди животното. Експертите сметаат дека срамните влакна штитат од бактерии и вируси и дека го редуцираат траењето на сексот. Во времето кога не постоела долната облека влакната биле тие кои ги штителе гениталиите од нечистотија и микроби. Немате време, а ни пари за да се занимавате со отстранување на влакната. За многумина депилацијата претставува многу работа и грижа и немаат намера и тоа да го претворат во навика.
(Д.Т)
|