Стил / Афродизијак
Секси трикови
Ако мислите дека ги имате направено сите секси трикови во спалната соба, ви нудиме уште многу кои ќе ја скокотнат вашата фантазија во креветот.
Двојна слика
Следете го примерот на Мадона. Постои позната нејзина слика на која таа мастурбира пред огледалото на подот.
Водење љубов пред огледалото создава чувство на перверзност, но во суштина мажите тоа го сметаат за многу еротично, иако голем дел од жените не уживаат да го гледаат својот целулит во текот на сексот. Оваа секако најмногу зависи од сексуалната самодоверба на партнерите.

Сензуално уживање
Најдобриот секс се случува кога сите сетила се вклучени- вкус, допир, поглед, мирис и слушање. Слушајте музика, јадете грозје, носете секси долна облека и секако дадете му детална сметка за тоа како тој ве излудува.
Масажа
Приредете му еротична масажа, која нема да ја заборави. Истријте го низ целото тело, а пенисот оставете го за крај. Веднаш ќе знаете кога тој ќе биде подготвен за вас.
Задржете ја романтичноста
Не заборавајте ја вечерата со свеќи или пикник во кревет. Негувајте ја врската. Почитувајте се и слушајте се меѓусебно. Балансирајте меѓу работното време, заедничкото уживање и времето кое го поминувате раздвоено.
Добри вибрации
Ако не поседувате вибратор, тогаш не знаете што пропуштате. Секси играчките се добра забава и овозможуваат жената да воспостави контрола врз својата сексуалност. Вибраторот може да претставува вистинско чудо за жените кои не можат да достигнат оргазам.

Ментална подготовка
Користете еротски фантазии за да се подготвите за водење на љубов. Замислете ги усните на партнерот на вашиот клиторис и почувствувајте силна физичка сензација во телото. Сексуалните мисли ќе го кренат вашето либидо и секако ќе почувствувате сексуална возбуда.
Намокрете се
Водата прави да се чувствуваме прекрасно флексибилни. Плискајте се во базен или на море, а ако ова е тешко да се изведе, овозможете си долго заедничко туширање.
Жешка порака
Јавете му се на телефон и возбудете ги неговите фантазии, со опишување на начинот на кој мастурбирате. Или оставете му жешка порака на неговата гласовна пошта. И секако бидете конкретни- мажите обожаваат детали.
(M.Ж)
|