среда, 04.06.2008

  IDIVIDI Мени
Избори 2008
Стил / Афродизијак

Помогнете му за да имате најдобар секс

Помогнете му на вашиот маж за да стане најдобриот љубовник кој се протнал под вашиот чаршав.

Многу им е полесно на жените да задоволат маж одколку обратната ситуација. Откако ќе го сфатите овој факт како сериозен, ќе може да го решите не фер дисбалансот во взаемното задоволување.

Жените имат фрустрирачко комплексен сексуален систем кој ако не се задоволува на прав начин, може да се затвори, особено за мажот кој го предизвикал незадоволството.
Но и самите жени можат да го затворат овој систем преку само-обвинување и срам.

 

Ситуацијата има и светла точка – се е флексибилно. Можете да ги имплементирате драматични подобрувања на сексуалната скала без многу напор, ако се фокусирате на следните четири области.

1. Не го оставајте во темнина

Нормалниот разум може да ви каже дека ако партнерот не гледа во вашата вагина и клиторис, тој никогаш нема да знае како да ве задоволи на правилен начин.

Повеќето мажи се љубопитни и возбудени при гледањето на вашите “розеви“ делчиња, но има и такви кој се срамат да го направат тој поглед.

Намалувањето на јачината на светлото е еден од триковите кој може да ви помогне и на двајцата.

Но, зошто жените не сакаат мажите да ги гледаат во срамниот предел?

Да бидеме искрени, вагината не е најубавата слика на светот, но ни пенисот не е мајсторско дело исто така.

Всушност, само жените сметаат дека вагините се безлични.
Дали мажите ќе гледаа порно ако не сакаат да гледаат вагина?

Затоа, бидете храбри и дозволете му погледне со што се соочува.

Покажете му ги внатрешните усни. Покажете му каде е клиторисот и како срамежливо се крие под заштитната кожа. Кажете му дека тоа што го гледа е само врв од клиторисот кој се наоѓа во внатрешноста и дека неговата големина всушност е околу 9-10 сантиметри.

Дозволете му со два прста да ве масира на перинеумот (делот помеѓу вагината и анусот) кој е многу осетлив на допири.

Научете го на основите и дозволете сам понатаму да експериментира.

2. Подобрете го неговиот орален секс

Многу жени најбрз и најсилен оргазам добиваат при орален секс.

Ако неговата техника со јазикот не е на солидно ниво, ваша задача е да му помогнете да ја подобри.

Луѓето водат љубов со други луѓе на начин за кои сметаат дека и тие самите би биле задоволни. Бидејќи машката кожа е потенка но посилна од таа на жените, тие сметаат дека жените сакаат појак, погруб допир, како што и навистина сакаат.

Како општо правило, мажот треба да прави се двојно побрзо и двојно понежно, како што тој мисли дека треба да прави (обратното важи за жените - тие треба да прават се двојно побрзо и двојно понежно, како што мажите сакаат).

Нема зошто да се срамите – кажете му!
Демонстрирајте му индиректно преку бакнување на неговара рака. Лижете ја и бакнувајте ја со примена на јазикот за да увиди каков тип на бакнежи и лижења посакувате.

Кажете му дали сакате да ко користи само врвот или цел јазик при оралниот секс кој тој ќе ви го пружи. Дали сакате бавни и нежни допири или нагли и груби лижења. Кажете му кога сте близу до оргазам, да намали со своите допири.

Можете да му ги контролирате рацете по вашето тело за да сфати што сакате да ви прави во иднина.

Добар трик во оваа ситуација е самата да се поместите во позицијата во која сакате да бидете задоволена. После неколку движења, партнерот ќе научи кои се вашите преференции.

Друг практичен трик е да раширите два прста во форма на буквата "V" и да ги поставите на местото каде што сакате и да ги држите прстите со цел да му биде на располагање само делот помеѓу прстите.

Или, наједноставно упатете го со зборови како “погоре“, “подолу“, “лево“ и “десно“.

3. Запознајте го со вашиот циклус на потреби

Повеќето припадници на спротивните полови имаат погрешно сфаќање за сексуалите поттикнувачи.
Имено, жените сметаат дека мажот секако ќе се возбуди во моментот кога пред неговиот “алат“ ќе се појават женски усни, додека мажите сметаат дека жените се мотивираат секогаш кога пред нив ќе се појави маж со пополнети пантолони во пределот меѓу препоните.

И двете мислења се неточни.
Машките и женските сексуални поттикнувачи не се многу различни, различноста е само во “кога“ и “зошто“ луѓето сакаат да имаат секс.

Поради хормоните, жените имаат изразена желба за секс во определени периоди во месецот, а помала во останатите.
Машката потреба за секс е повеќе константна низ времето.

Исто така, кај мажите желбата се јавува повеќе спонтано. Тој ќе започне секс во моментот кога ќе му се присака, но никако пред тоа.

Кај жените пак, ситуацијата е различна. Тие и да не сакаат да имаат секс, со мала стимулација може мислењето драматично да се промени.

Мажот треба да знае што значи ова во практични услови: во периодите кога имате инспирација за секс (запишувајте ги на календар за да ја добиете шемата на појавување на тие периоди), двајцата треба да се испотите максимално од секс. Ако понатаму го одбиете (во период кога не сакате да водите љубов), ќе знае дека проблемот е во хормоните а не во вас.

Во иднина, ако не ви се присакува, сепак дајте си шанса. Можеби после неколку бакнежи и предигра телото ќе ви “заигра“.

4. Ослободете го вибраторот

Повеќето мажи се преплашени од вибраторите. Тие непријатно ја прифаќаат веста дека жената може да добие оргазам за 3 минути со употреба на вибраторот во споредба со 15-20 минутниот напор кој тие треба да го направат за истиот резултат.

Единствен начин да ги смирите негативните реакции е да ги спријателите мажот и вибраторот.

Кажете му дека жените најчесто добиваат оргазам преку клиторична стимулација, но, бидејќи уживате многу со неговиот пенис внатре, би сакале да ги имате двајцата одеднаш.

Можеби веќе сте го пробале ова кога тој ве допирал со раката за клиторисот или вие самите сте се допирале. Како и да е, вибраторот ќе ја олесни оваа работа.

Поефикасен и ефективен начин за гарантиран оргазам е да посегнете во фиоката и да извадите дискретен, сензибилен, цилиндручен вибратор.

Мажите нема да се противат на направата ако таа нема форма на пенис и ако е помала од големината на неговиот пенис.

Еден од вас нека го држи вибраторот над клиторисот додека партнерот навлегува во вас. На овој начин, психолошкиот притисок ќе биде отстранет, но, во форма на пријатен притисок ќе се префрли над вас и тоа на местата каде што вие сакате.

(Б.Т)




Наjновo од Стил
Крема со змијски отвор против брчки?!
Вратете го бившиот
Автомобили за летните горештини
Помогнете му за да имате најдобар секс
Секс на жешкиот лимен покрив
Метросексуалците не се во мода
Кралицата нареди: Прво работа - после веридба
Дали сите жени можат да имаат повеќекратен оргазам?
Masturbate-A-Thon 2008
Пози за одложена ејакулација
Потези за играње во скут кои “топат“
Секс пози за бремени жени
Сите видови на бакнежи
Сексот во бројки
Тајни за побрз оргазам
Моми и момци
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи