Стил / Афродизијак
Анален секс – 6 “Да“ и “Не“
“АНАЛЕН СЕКС“ – самото слушање на зборовите прави некои луѓе да се чуствуваат некомфорно, но според жените, тоа е број 1 вид на секс кој мажите го бараат од нив.
Дали од љубопитност или од желба да се воведе авантура во креветот, од наша страна ќе ви претставиме 6 едноставни водичи. Водичите се поделени во 2 категории “Да“ (работи кои треба да ги правите и кои се пријатни) и “Не“ (работи кои препорачуваме да ги избегнете).
“ДА“:
1.Бидете сигурни дека навистина го посакувате
Многу е важно двајцата партнери да се сложат за оваа тема, особено партнерот кој треба да го “подаде“ својот анус.
2.Опуштете се
Втората работа која можеме да ја препорачаме со цел да ви се зголеми задоволството е да се релаксирате и да дишете опуштено.
Аналните мускули се прилично цврсти и тие се одговорни за големината на “задниот “ отвор. Ако некој пенетрира во вашиот анус, притоа ако не дишете длабоко и опуштено, болката која ќе ја осетите ќе ви биде многу непријатна.
Затоа препорачуваме блага масажа на отворот со примена на лубриканти, со единствена цел да се опуштат мускулите и да се добие пријатно чувство.
Бројот на прстите кој ќе го масираат отворот зависи од големината на пенисот кој треба да пенетрира. Ширината на прстот/ите треба да биде малку помала од правиот пенис.
Запомнете, целта не е да го распнете аналниот отвор, туку да му овозможите бавно проширување и опуштање.
3.Лубриканти! Лубриканти! Лубриканти!
Третиот совет за пријатен анален секс е да се користат голема количина на лубриканти.
Ако користите кондоми, тогаш употребете лубриканти кои се базираат на вода.
“НЕ“: 1.Брзина и сила
Најлошата акција која можете да ја направите е да брзате и со сила да навлегувате во ректумот.
Понекогаш, само едно брзање или лош потег може да ја намали желбата за анален секс засекогаш.
Ако се стрпите и успорите при пенетрацијата (после поставувањето на лубрикантите), искуството ќе биде многу попријатно.
2.Не ги заборавајте болестите
Една од поголемите грешки кои можат да ја направат партнерите при откривањето на оралниот секс е да заборават на превенција од болести.
Аналниот секс е еден од наједноставните методи за допирање на осетливи делови на кожата и воспоставување на директен контакт без грижи за бременост.
Но, да се биде непретпазлив од преносливи болести не е никогаш прифатлива алтернатива.
Како и обичниот однос пенис-вагина, и тука треба да користите заштитни мерки како латекс или полиутерански презервативи со можност да имаат наноксинол-9 во нив за да се уништат бактериите.
Можете да употребите и нелубрифициран презерватив, но пред да пенетрирате, намачкајте го со лубрикант.
После оргазмот и ејакулацијата, осигурајте се преку држење на основата на презервативот за да не дозволите негови истурање или лизнување.
3. Промена на позиција на пенисот од анус на друго место
Никогаш да не го преместувате пенисот, откако ќе го извадите од аналниот отвор, во вагиналниот или оралниот отвор.
Пред таквата промена обавезно и внимателно да го измиете пенисот со сапун и млака вода.
Бактериите кои живеат во аналниот дел може да направат инфекција или иритација ако се пренесат во друг дел на телото. Затоа многу внимавајте на личната хигиена.
На крај, не заборавајте дека повеќето двојки имаат потреба од внимателно пробување, дури и неколку пати пред да имаат вистински и задоволителен анален секс.
Ако работите не успеат првиот пат, или пак се повредите, немојте да очајувате, вториот пат можеби ќе биде подобар.
Уживајте во забавата на истражувањето.
(Б.Т)
|