недела, 08.06.2008

  IDIVIDI Мени
Избори 2008
Стил / Афродизијак

Предности и слабости на „69“

Позата „69“ го добила тоа име според самите бројки кои се наместени глава-со-пети, како што и самите луѓе треба да се наместат.

Поедноставно, тоа е поза која дава можност за меѓусебно орално задоволување.

Вообичаената поза е кога жената се наоѓа над мажот, со нејзиниот задник кон неговото лице, а гениталиите да се потспуштени но насочени кон неговата уста за да може партнерот да ги лиже. Меѓувремено, жената со устата треба да се позиционира над пенисот.

Бидејќи двајцата се задоволувата истовремено, 69-ката е одлична, сензационална поза. Но, има и такви кои ја сметаат оваа поза за фрустрирачка бидејќи е многу едноставно да станете мрзливи во својата работа. Ако партнерот ви нуди екстра уживување, тогаш вие ќе се концентрирате на вашето задоволство, а ќе го заборавите неговото.

Затоа, „69“ е најчесто применувана од помладите генерации, а постарите сметаат дека е заморувачка и не доволно возбудувачка.

Тука се прави првата грешка. Со мали промени можете да внесете нова свежина во сексуалниот живот и  љубовната врска

Предности од „69“:

1. Поставувањето на гениталиите толку блиску до лицето на партнерот и покрај тоа што е некултурно, прави чувство на слобода, а со тоа и опуштеност. Жените се малку срамежливи во покажувањето на своите атрибути, но ако се наместат во позиција каде очите на мажот се вперени во тие делови, задоволството ќе биде поголемо за двајцата.

2. 69-ката го изложува целиот пелвичен дел, давајќи пристап до отворот на вулвата, перинеумот и анусот. Затоа позата е одлична за повеќекратно задоволување на неколку делови одеднаш, а не само клиторисот.


Слабости на „69“:

1. Најголемата слабост на оваа поза ќе ја осетите ако не сте туширани. Воопшто не пробувајте да се наместите во ваква позиција ако може да ве “фатат“ дека тој ден не сте се избањале.

2. Некои мажи ја сметаат оваа поза како премногу еротична и затоа добиваат оргазам за многу кратко време, дури после неколку секунди по првото лижење. Во таква ситуација, машкото нека ја задоволува партнерката подолго време пред таа да почне да го “обработува“ него.

3. Давање и примање на задоволство симултано, е фабулозно. Но има и една голема слабост – треба да обрнете големо внимание, а тоа значи дека треба нон-стоп да бидете концентрирате наместо да се опуштите. Ова е поголем проблем за жените отколку за мажите.

4. Добивањето на оргазам кај мажот е поедноставно и лесно. Дури и со мали и нежни, мал број на допири може да се постигне ејакулација. Женската комплексност е присутна и во овој аспект, бара специфична, константна, немој-да-си-мрднал-да-не-те-убијам стимулација за да достигне кулминација. И, ако таа е пред оргазмот, или во него, ќе заборави да го задоволи партнерот.

5. Ако партнерот продолжи да нуди задоволство, а жената е веќе благословена со оргазам, многу е лесно таа да се занесе и да заборави дека тоа што го има во устата е нежно парче месо кое е многу осетливо, особено на невнимателно нејзино загризување. (ако не сте виделе како плаче маж, ова е начин да видите)

6. Ако ја завземете традиционалната позиција (жената над мажот), тогаш сте на погрешната страна ако сакате жената да добие клиторично задоволување. Во зависност од тоа колку е повеќе долг, широк и еластичен јазикот, толку повеќе ќе почуствувате сензационална стимулација. За жал, обратната ситуација е почеста.


Подобрете преку:

1.Користете ги рацете. Малку е чудно да се задоволувате само преку користење на јазикот, затоа употребете ги и рацете. И, немојте да се срамите да ја тргнете устата и повремено да ја замените со рацете. Тоа е нормално во оваа поза.

2. Заменете ги улогите. Еден начин за решавање на проблемот на заборавање да се задоволи партнерот поради своето моментално уживање е прво едниот да му „приреди“ оргазам на другиот па потоа да се сменат.

3. Ставање на перница под вратот на партнерот кој се наоѓа доле може да помогне за избегнување на укочување на вратот и да овозможи подобар контакт со гениталиите. Или пак, легнете на страна со едната нога превиткана но нагоре, за да не му пречите на партнерот, односно неговата глава.

4. Пробајте ја варијацијата на „69“ во стоечка позиција. Оваа поза дава уникатна сензација но и брзо уморува.

(Б.Т)




Сродни вести
Анален секс – 6 “Да“ и “Не“
Помогнете му за да имате најдобар секс
Дали сите жени можат да имаат повеќекратен оргазам?
Машки водич за орален секс
6 секси пози од позади
6 секс пози - пријатни за жените
Топ 10 трикови за најдобар орален секс
Секси трикови
12 тајни за сензационален “соло“ секс
Водете го партнерот низ сексот
Поддршка за машки девици
Наjновo од Стил
Шкотскиот “Falen“
Секс на прв состанок - да или не?
Миа и Маја тајно ќе се свршат во Австрија?
Предности и слабости на „69“
Холивудски трикови за совршени нозе
Бракофобија
Yamaha 2009 V-Max – најбрз моторцикл
Анален секс – 6 “Да“ и “Не“
Помогнете му за да имате најдобар секс
Секс на жешкиот лимен покрив
Дали сите жени можат да имаат повеќекратен оргазам?
Masturbate-A-Thon 2008
Пози за одложена ејакулација
Потези за играње во скут кои “топат“
Секс пози за бремени жени
Моми и момци
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи