понеделник, 09.06.2008

  IDIVIDI Мени
Избори 2008
Euro 2008
Стил / Афродизијак

Секс идеи за во спална

Вкусниот секс доаѓа во многу форми.
Зачувајте ја пенетрацијата за друг ден и навлезете длабоко во сексуалните игри и интима со вашиот партнер.

Предизвикајте се себеси со креирање на сензуална средина каде и двајцата ќе пробате нови нешта.

1. “Валкано“ зборување и еротски приказни

“Валкана“ приказна е забавен и секси начин за поминување на времето со љубовникот/чката и може да доведе до нови идеи и мала ментална стимулација.

Приказната може да се раскаже било каде, во кревет, во кола, преку телефон, преку е-мејл или писмо.

Ако не сте добри за измислување на приказни, ѕирнете на Интернет или во некое секси списание, сигурно нешто ќе се најде.

Имајте на ум дека жените многу сакаат предигри, особено во нивните имагинации.

Приказна која директно преминува на сексуалниот однос, е иста како во реалноста и нема да го даде посакуваниот резултат. Таа е многу пријатен начин за споделување на секс, дури и без допирање.

2. Сензуална масажа

Масирањето на партнерот е една од најпосакуваните активности во една врска. Сензуалната масажа е малку поразлична и нуди релаксација и сензуална стимулација одеднаш.

Нема многу правила за оваа работа. Најважно е само допирите да бидат бавни и секси. Не се брзајте, користете ароматично масло за да го намалите триењето и намалете ја јачината на светилките.

Друга важна работа е да се помине секој сантиметар од телото и да се остават “жешките“ делови за на крај.

Идејата е партнерот да добие желба да биде допиран на тие места, а зголемената нестрпливост носи и поголема задоволство при исполнување на желбата.

3. Улоги и костими

Одигрувањето на некоја улога дава повеќе опции. Ако сте нормално тивки и резервирани, изберете улога која е повеќе смела. Ако девојката е срамежлива, можете да го извлечете доминирачкиот дух од неа.

Различните улоги се уште поинтересни ако додадете и костими. Егзотични танчери, доктори, доминатори, барби облека, полицајци, зајачици и бескрајно други идеи се одлични за кревање на сексуалната тензија.

Улогите се забавни и ослободуваат од притисоци. Кој знае што ќе излезе од вас кога не сте вие, вие.

4. Секс преку телефон

Овој тип на сексуална стимулација е еден од најстарите ако сте одделени од партнерот. Бидејќи телефонскиот “валкан“ секс е одличен за стимулирање, не морате да бидете многу оддалечени. Различни соби се доволна дистанца.

Нашите слушни сетила се доста остри, затоа дување и дишење преку телефонот се одлични поттикнувачи на сексуален одговор.

Друга предност на телефонот е што дозволува да си правите што сакате со телото, се до мастурбирање.

Најважно при зборувањето на телефон е да се избегнуваат моабети за фамилија и нејзините членови, животни (најмногу да се избегнуваат) или за други мажи или жени за кои фантазирате.

5. Взаемна мастурбација

Ова е еден од најсекси и најинтимните работи кои можете да ги направите со љубовникот. Важно е само да сте добро расположени и комфорни.

Дадете си го потребното време и простор за релаксација. Ако сте нервозни, не брзајте. Запалена свеќа и чаша вино се добра комбинација за релаксација.

Взаемното мастурбирање е комбиниран труд кој помага да се даде и прими визуелна и вокална стимулација.

Постојат многу други начини на забава за искусување на еротичноста и кој го креваат квалитетот на сексуалниот живот.

Тргнете се од секојдневноста и практикувајте барем малку “валкани“ работи.

(Б.Т)




Наjновo од Стил
Секс идеи за во спална
Како до совршен градник?
Во мода се депилирани мажи
Scorpion – водороден хибрид
Шкотскиот “Falen“
Секс на прв состанок - да или не?
Миа и Маја тајно ќе се свршат во Австрија?
Предности и слабости на „69“
Анален секс – 6 “Да“ и “Не“
Помогнете му за да имате најдобар секс
Секс на жешкиот лимен покрив
Дали сите жени можат да имаат повеќекратен оргазам?
Masturbate-A-Thon 2008
Пози за одложена ејакулација
Потези за играње во скут кои “топат“
Моми и момци
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи