Стил / Афродизијак
Усна секс магија
Во оваа сторија ќе ви претставиме неколку орални секс тајни за кои не превземаме одговорност ако вашиот маж почне да мие садови, пегла и пере само за повторно да го добие истото задоволство.
Ако сакате да го добиете тоа, тогаш продолжете да читате, ако не, ова е моментот кога треба да престанете.
Постојат четири основни компоненти кои треба да се комбинираат за да се пружи екстремно добар орален секс. Исто како во играњето, понекогаш правите повеќе движења одеднаш за еден целосен чекор да биде комплетиран, но понекогаш е потребно да го намалите ритамот и движењата на одредени делови на телото – но, вие секогаш варирајте со движењата според ритамот и според тоа како се чувствувате во моментот.
Не е потребно многу време за да откриете дека тајната на оралниот секс е да се пронајде “ритамот“ кој може да се разликува само според желбите на партнерот.
Основните четири движења остануваат исти, без промени.
1. Стегнете ја раката во форма на буквата “О“ и спојте ја со устата. Можете и да ја користите само устата, но е повеќе заморно.
2. Вашата уста (со превиткување на усните за да ги покриете забите) треба да се движи над пенисот во колку што е можно поголема должина. Должината на движењето е правопропорционално со неговото задоволство.
3. Јазикот треба да се движи напред-назад или пак со кружни движења низ целиот френулум (долната страна на главата на пенисот – во форма на “V“). Ова овозможува поголемо чувствување на текстурата на јазикот, бидејќи главата на пенисот е многу осетлива.
4. Слободната рака треба да допира некој друг дел од неговото тело, како брадавиците, перинеумот (делот меѓу тестисите и аналниот отвор) или самиот анален отвор, со цел да се прошири површината за сексуална стимулација.
Сè додека не ги заборавите овие четири движења, вашето орално сексуално искуство ќе биде пријатно и за двајцата.
Иако на повеќете жени не им се допаѓа оваа идеа и сметаат дека само мажот ќе ужива, тоа мислење е погрешно. Ако сте релаксирани, задоволството што ќе го добиете бидејќи знаете дека правите одлично задоволство на вашиот партнер – вреди како злато.
Знаејќи дека вие ја имате моќта за да го доловите ова чувство, ве прави повеќе доминантна во сексуалниот живот.
На темата за ејакулирање во вашата уста и голтање на спермата – ваша уста, ваш избор. Машкиот поглед на ова е дека тие го преферираат бидејки нивниот машки “нектар“ е прифатен од ваша страна.
Ако не сте по вакви работи, можете едноставно да пулсирате со притискањата на пенисот за време на ејакулација и да му дозволите да сврши на вашето тело.
Ако ги споиме сите чекори во едно тоа би изгледало вака: Употребете ги рацете за да направите форма на дланката како буквата “О“ (опуштен бокс) и запомнете да ја држите раката споена со устата.
Движете ја устата горе-долу над пенисот, притоа осигурајте се да има комформно ниво на вакум во устата. Но, не мора да се грижите за вакуумот многу бидејќи самата дланка при движењето нагоре врши голема стимулација.
Дланката која е споена со устата треба да се движи во кружни движења кога иде нагоре-надолу.
Држете го јазикот во константно движење над френумулот, особено гледајте рапавиот дел од јазикот да биде во директен контакт.
Не ги заборавај тестисите, и тие може да бидат стимулирани со слободната рака.
Слободната рака може да се користи и за стимулација на останатите делови од телото.
Гледајте го партнерот во очи, и воспоставете визуелен контакт со него.
(Б.Т)
|