Стил / Афродизијак
Пози за подобар оргазам
Секој сака подобар сексуален и романтичен живот, но, има повеќе работи кои треба да се знаат отколку свеќа, вино и напред назад движење.
Следните предлози се испробани и ефективни методи за подобрување на стимулацијата и овозможување на ГОООЛЕМ оргазам.
Затоа, спремете се за пожежок секс со сугестии кои ќе го изненадат и возбудат партнерот.
Слободно испечатете го материјалот и читајте го во кревет. Се сомневаме дека вашиот партнер ќе се пожали.
1. Модифицирана “мисионерка“
Сигурно досега сте ја пробале стандардната мисионерска поза. Но, многу жени се жалат дека преку неа не можат да доживеат оргазам.
Затоа ќе ви ја понудиме нејзината модифицирана верзија. Жената нека легне на грб и нека ги постави нозете на рамената на партнерот.
Ова е одлична поза ако е потребна клиторична стимулација за да се добие оргазам. Исто така, позицијата е убав начин да започнете со проучување на потенцијалот на Г-точката.
Контролата ја врши самата жена со своето поместување. Паралелно со откривањето на можностите на Г-точката може да се вржи стимулација и на самиот клиторис.
2. Уста и прст
На некои жени им е полесно да добијат оргазам преку орален секс отколку преку директен однос. Во ваков случај жената може слободно да го советува партнерот да не го користи јазикот како вибратор наменет за клиторисот, туку да прави нежни лижења и бакнувања на клиторисот, уретрата и вагиналниот отвор.
Побавно е подобро, бидејќи жената ќе има време за абсорбција на сензацијата и поддолго време за целосна релаксација.
Откако ќе се почувствува поголема сензација на јазикот може да му се приклучи и еден прст кој нежно и бавно ќе ја гали Г-точката.
Целта на позата е да се добие чувство на максимална релаксација преку која целосно ќе може да се почувствува задоволството.
3. Лице до лице, на маса
Висока кујнска маса е перфектна за визуелно комуницирање. Ако сте навикнати да ги затварате очите или пак да ја бутнете главата во перница, ќе видите дека во оваа поза ќе се чувствувате попријатно и еднакво со партнерот.
Нема префрлување на тежината бидејки партнерот стои а партнерката е седната на масата.
Директниот поглед над пенисот и неговите движења овозможуваат секундарна корекција по желба на партнерите.
Поради тоа што преку позата се прави директна стимулација на Г-точката и директна комуникација, ова е исто така одлична поза за взаемно експериментирање на начините за стимулација на Г-точката.
Клиторисот исто така може да биде предмет на стимулација.
Сексот на маса е одличен за длабока пенетрација (ако масата е стабилна) и за експериментирање до која длабочина може да се прави позитивна стимулација на маткат, а преку тоа и до постигнување на оргазамот.
Ваков тип на оргазам е различен од вагиналниот и не се добива толку често, но сигурно е вреден за да се проба.
4. Стоење од позади
Оваа поза превзема одредени елементи од популарната “кучешка“ поза, каде жената е потпрена на своите колена и дланки, а мажот навлегува од позади.
Но, ако жената се подисправи и поднавали нанапред, ќе осети поголемо задоволство над Г-точката, отколку класичната кучешка поза.
Движењата на мажот ќе ја потиснуваат Г-точката, а тоа е токму она што и е потребно на жената за да добие силен оргазам.
За сите овие пози потребно е да предходно стимулирање на Г-точката пред партнерот да навлезе со својот орган.
Искажувањето на задоволството при зголемувањето на чувството е одличен начин партнерите да комуницираат.
Зголемената чувствителност на Г-точката, оргазмите добиени преку неа и слободната ејакулација нема да се случат преку ноќ. За побрзи резултати двајцата партнери треба да се консултираат. “Го погоди местото“ или “Тоа е тоа“, се примери за тоа како може најлесно да се запамти точната поза.
За разлика од учењето како да се добие оргазам, што најчесто завршува со практикување на една поза, на овој начин варијабилноста на движењата е поголема.
(Б.Т)
|