понеделник, 16.06.2008

  IDIVIDI Мени
Избори 2008
Euro 2008
Стил / Афродизијак

Секс во кола

Можеби овој секс не е најзадоволувачки, но дефинитивно ги возбудува  страстите на ист начин како кога би имале секс во присуство на родителите.

Во следнава статија ќе ви претставиме неколку пози кои се најдобри за сексање во кола.

Исповед на контролната табла

Оваа секс поза во кола е одлична ако имате класични седишта.

Мажот треба да седи на возачкото седиште во нормална позиција за возење, додека жената треба да седне во неговиот скут свртена кон предницата на автомобилот.

Со нејзините раце таа треба да се држи за контролната табла и да ја  користи за притискање и балансирање на телото.

Мажот, поради својата поголема сила, може да помогне со нејзино поткревање со поставени раце на нејзините колкови.

Позата овозможува солидна пенетрација и стимулација на Г-точката. Движењата не мора да бидат само горе-долу, туку и кружни.

Слабост на оваа поза е што имате најмала прегледност на околината. Бидејќи и двајцата сте свртени нанапред, можеби нема да забележите  ако некој воајер или полицаец ве гледа од позади.

“Возач“ од задно седиште

Ако имате задни седишта (повеќето имате), тие се одлично место за практикување на секс. Навалете ги предните седишта нанапред и турнете ги до крај за да добиете повеќе слободен простор за пуштање на нозете, за движење но и за криење.

Наједноставна и ефикасна поза на задната клупа е кога мажот седи во средината, со раширени нозе, а жената е над него во исправена положба.

Предност која ја нуди задната клупа е тоа што може мажот да биде исправен (како на столче) но и да се спушти во полулегната положба. На овој начин пенетрацијата се продлабочува, а криењето е поедноставно и побрзо.

Кучешки пози во кола

Колата има простор и за сексање во кучешка поза. Ова е одлична поза бидејќи ја стимулира Г-точката кај жената.

За да се направи оваа поза потребно е предните седишта да се бутнат нанапред и да се наведнат кон контролната табла.
Потоа, жената треба со едното колено да се потпре на задното седиште, а со другата на подот. На овој начин таа ќе зафати коса положба со солидно раширени нозе.

Мажот треба да придојде од позади на ист начин како неа.

Оваа поза е исто така наречена “2 нозе на под“.

Слична и повозбудлива верзија е “4 нозе на под“ која се прави на следниот начин: мажот и жената треба да се свртат кон задните седишта и тоа со двете коленици на подот. Иако покрај малиот простор, мажот може да се вметне позади жената.

Слабост на ’4 нозе на под“ е тоа што може да биде малку некомфорна за двајцата. Предноста пак, е во тоа што може да се дојде до силен оргазам за пократко време.

Гранд При

Сексот во кола не е секогаш најзадоволувачки, но е дефинитивно забавен, возбудлив и авантуристичен.

Во иднина, кога и да идете со колата на вечера или пак на пат, нема веќе да ја гледате како превозно средство. Дури и ќе замислувате потенцијални пози во неа, кои сакате да ги пробате.

Направете Гранд При, тоа не е поза туку значи дека при патувањето едноставно, кога ќе почуствувате желба, треба да застанете, да направете една кратка авантура во било која поза и повторно продолжете каде што сте тргнале.

Ако нема паркинг, сами направете. Скршнете од улицата и влезете директно на некоја полјана или позади некоја грмушка.

Најважно е да имате забава и задоволно да си го поминете времето заедно.

П.С. Понесете си и некој пешкир за да ги покриете прозорите од ѕиркачите.

(Б.Т)




Наjновo од Стил
Геј свештеници се венчаа во црква
Паметните жени со помали шанси за брак
BMW GINA Light Visionary
Секс во кола
MV Agusta F4 Gold
Пози за подобар оргазам
Со шминка против неправилности
Секс во црква
Усна секс магија
Секс идеи за во спална
Секс на прв состанок - да или не?
Предности и слабости на „69“
Анален секс – 6 “Да“ и “Не“
Помогнете му за да имате најдобар секс
Секс на жешкиот лимен покрив
Моми и момци
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи