Стил / Афродизијак
Летни секс фантазии
Летото веќе пристигна, a и време е да го вжештите и вашиот сексуален живот. Доколку вашите креветски вештини за’рѓале малку, обидете се да воведете малку повеќе возбуда.
Споредувањето на фантазиите со партнерот е одличен начин за да ја вратите страста во вашата врска. Еве неколку од нашите „сочни предлози“.
Машки Vs женски фантазии
Прв чекор кон доживувањето на фантазиите е нивно разбирање. Постои голема разлика меѓу женските и машките сексуални фантазии.
Машките фантазии повеќе наликуваат на порно филм, инстант акција, кадри одблиску, графички детали и фокусот е насочен кон физичкото. Женските пак фантазии повеќе се насочени кон сценариото, ситуацијата, проследено со конверзација, која постепено води кон секс.
Мажите најчесто фантазираат за жените кои во реалноста би можеле да ги имаат. За разлика од нив, жените немаат никаков проблем да имаат сексуална фантазија и со Џорџ Клуни.
Мажите фантазираат за нештата кои ги доживеале, жените за работи кои никогаш до тогаш не ги пробале.
Не треба да ве изненади фактот дека мажите фантазираат кога имаат помалку секс, додека жените кога имаат секс.
Без стимулација, женската стимулација е во мирување, па затоа „use it or lose it!”
ФАНТАЗИИ ЗА ПОЧЕТНИЦИ
Доколку сакате да ја испробате вашата фантазија, а се плашите од последиците пробајте ја играта на улоги. Најчесто, за жал, попрво би умреле отколку да ги споделиме нашите секс фантазии со некој од реалноста.
Но, можеби нема да сакате да ги репродуцирате точно како во соништата, но веројатно дека ќе опфатите барем мал дел од тоа што ве возбудува до лудило.
Затоа играта на улоги е одличен начин да остварите дел од тие фантазии. Еве неколку упати
1) Симболизмот е секси
Вашата фантазија не мора автентично да ја реализирате. Доколку фантазирате за тројка, во сексот воведете уште некоја секс играчка која ќе ја замени третата личност, така ќе се чувствувате дека сте в кревет со двајца мажи истовремено.
2) Фантазија за предигра
Изберете фантазија која ви одговара на двајцата, нешто што досега ни двајцата не сто го направиле, а секогаш сте посакувале. Добро испланирајте го сценариото, тоа може да биде исто толку возбудливо како и самата предигра.
3) Ликови
Бидете конкретни околу ликовите. Прецизирајте што конкретно сакате да бидете. Бидете отворени, не кријте се во сопствената школка, нема потреба од такво нешто, бидејќи партнерот сигурно ќе ве разбере. Играта на улоги е само уште еден чекор кон ослободување од сексуалната затегнатост.
4) Време и место
Внимателно изберете го времето и местото – не би сакале цимерите, децата, родителите или домашните миленичиња да се најдат сред реализирањето на сексуалната фантазија. Обидете се во различни соби од куќата да пуштите различна музика, така може да го надополните сценариото.
5) Договорете се за стоп сигнал
Изберете нешто што во ниеден случај не би го изустиле при сексот. На пример подобро е да го изберете зборот „жолто“ отколку „повеќе“ или „стоп“. Мислам дека е сосема разбирливо зошто.
6) Страст на јавни места
Не плашете се фантазијата да ја започнете на јавно место. „Секс со странец“е одлично сценарио, никој нема да ја забележи вашата сексуална предигра во барот или ресторанот се додека не сте облечени невообичаено и не почнете да се однесувате чудно.
(Д.Т)
|