Стил / Афродизијак
Жените барале дозвола за оргазам?

Вибраторот, кој денеска е неизоставен дел од женската „приватна“ колекција, кога за првпат се појави беше нешто што ни одблизу не можеше да се споредува со денешните секс играчки кои можете да ги ставите во било која чанта.
За среќа, со текот на времето жените се еманципираа, а со тоа дојде и едукацијата за сексуалните потреби. Можеби денеска некои работи од минатото изгледаат траги-комично, сепак не е лошо да се присетиме дека на времето жената морала да побара дозвола од мажот за да се самозадоволи и да доживее оргазам... за жал во некои делови на светот ова се уште пости.
Првиот вибратор се појавил во Британија и тоа во далечната 1870 година, работел на пареа и се користел само за медицински цели. Не можел да се најде во продавниците, па така жените поради болест, односно за задоволство морале да одат на лекар. На жените им било забрането да користат вибратори, нив ги користеле само лекарите кои со помош на оваа направа ги лечеле жените од хистерија.
Мастурбацијата се сметала за грев и за опасна, а жените кои биле дијагностицирани со хистерија (денеска ПМС) не смееле самите ниту да се тријат по интимните делови на телото. Тоа било работа на сопругот или докторот.
Подоцна лекарите, во својата пракса ги вклучиле и третманите со водени тушеви од кои излегувало гумено црево. Тушевите биле наменети за клиторисот и за помалку од една минута успевале да ја доведат жената до оргазам. Доколку во бракот немале секс, лекарите на жените им препорачувале јавање коњи, столици за нишање и други активности. Сите овие препораки би требало да им помогнат да се ослободат од нервозата и хистеријата.
ГАЛЕРИЈА
Земајќи предвид дека тогаш постоело медицинско верување дека 75 отсто од жените се хистерични и оти тоа е хронична болест, неопходно било да се најде евтин начин за лекување. Тогаш започнува времето на пареата.
Столот по име Манипулатор имал дупка точно каде што доаѓа женската вагина. Десет години по појавувањето на вибрирачката справа која работела на пареа почнаа да се појавуваат модели кои работеле на батерии и кои постепено почнале да излегуваат од медицинските простории. Новата справа успевала да пулсира 1007 пати во минута.
Во тоа време сосема нормално било докторот, без употреба на било какви направи и алатки да ви ја затрие вагината. Појавата на спекулумот, кој служи за подобри гинеколошки прегледи предизвика бројни контроверзии. Секако тогаш никој не ги учел жените како да мастурбираат и како сами да се лечат. Така сè се одвивало до почетокот на 20 век кога вибраторите почнаа да се наоѓаат во секоја куќа. Првите вибратори личеле на големи кутии на кој имал приклучок и биле особено бучни. Подоцна нивната големина се намалува, но и понатаму жените останувале фрустрирани бидејќи апаратот немал доволно енергија за да ги доведе до оргазам.
Во упатствата за употреба, кои датираат од 1909 година стои дека покрај хистерија, лечат и глувост, импотенција и детска парализа. Вибраторите се рекламирале на секаде, дури во некои реклами се тврдело дека тој ќе ми го врати сјајот на кожата на лицето.
Во текот на 50-те години на минатиот век вибраторите целосно исчезнаа од полиците на продавниците. Се продава под името „масажери за врат“
Денеска е општо познато дека ги има во сите бои и големини и модели, а ги има во секој град на Земјината топка.
|