петок, 27.06.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Стил / Афродизијак

Имам 200 оргазми на ден

Дваесет и четиригодишната Сара Кармен има необичен проблем, ги чувствува сите добри вибрации кои во текот на денот 200 пати ја доведуваат до оргазам.

Тресењето на возот додека се движи низ шините, звукот на фенот, ритмичниот звук на фотокопирот се доволни за Сара да почне да стенка и да ја  доведат до свршување.

Младата Сара страда од Синдром на постојана сексуална возбуденост, што се манифестира со зголемен крвотокот во половите органи.

„Понекогаш имам толку многу секс, што едноставно станува здодевно. Мажите со кои сум легнала не се трудат многу во сексот бидејќи лесно свршувам“, вели Сара Кармен, додавајќи дека целата ситуација е понекогаш фрустрирачка.

Синдром на постојана сексуална возбуденост за првпат и се појавил кога таа имала 19 години, откако лекарите и препишале антидепресанти. Сара верува дека нејзината состојба е последица на апчињата.

„За неколку недели почнав се повеќе и повеќе да се возбудувам, а како што времето минуваше така се повеќе почнав да имам бесконечни оргазми. Можам со часови да имам секс, а моето момче е зачудено колку пати можам да свршам за време на сексот. Но, тука не е крајот. После сексот кога ќе помислам што сè сме правеле в кревет, почнувам да чувствувам жештина, и потоа почнувам да се возбудувам и да доживувам оргазми. Во последните шест месеци секојдневно имам по 150 оргазми, а понекогаш бројката стигнува и до 200“, вели Сара Кармен.

Младата лондончанка открива дека претходната врска и се распаднала токму поради болеста. Нејзиното ново момче се обидува да ги задоволи сите нејзини сексуални потреби.

Сара  работи во салон за убавина каде феновите и гаџетите за грижа за кожа ги има на претек. Сите овие апарати само дополнително и ја отежнуваат работата, која честопати запира поради незапирливите оргазми.

„Ако се закашлам и истрчам до тоалет, девојките од салонот веднаш на клиентите им даваат магазин или им варат чај. Понекогаш посакувам да имам обичен нормален живот“, вели Сара Кармен.

Жените кои страдаат од синдром на постојана сексуална возбуденост имаат чувство дека постојано имаат силни и ритмични мускуларни контракции кои се карактеристични за оргазмот. Ова појава е многу ретка, што дури некои експерти се сомневаат во нејзиното постоење, па дури и се исмејуваат со неа.

Засега ниту едно научно објаснување не е докажано, но се смета дека може да е последица на воспаление или на инфекција во карличниот дел која придонесува за стимулација на нервите на клиторисот.

Според некои психијатари станува збор за психолошки синдром кој е последица на некоја емоционална криза.

Без разлика која од овие две тврдење е точно, жените со синдром на постојана сексуална возбуденост чувствуваат ментална и физичка болка и навистина имаат потреба од соодветна медицинска помош.

(Д.Т)




Наjновo од Стил
Имам 200 оргазми на ден
Millechili подлога за новиот супер Ferrari?
Најсекси тенисери на Вимблдон
Зошто лошите момчиња секогаш ги освојуваат девојките?
Жените барале дозвола за оргазам?
Менталната слика го диктира квалитетот на животот
Новата Fiesta ECOnetic троши само 3.7 л.
Летни секс фантазии
Извонредни секс пози
Облечен секс
Секс во кола
Пози за подобар оргазам
Секс во црква
Усна секс магија
Секс идеи за во спална
Моми и момци
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи