сабота, 28.06.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Стил / Афродизијак

Авио понуда со орален секс

Сопственикот на првата европска нискобуџетна авиокомпанија „Ryanair“, Ирецот Мајкл Олири најави евтини прекуокеански летови кои за бизнис класата ќе нудат и орален секс.

На прес-конференцијата во Дизелдорф Олири официјално ја претстави новата понуда. Чекајќи преведувачката да ја преведе неговата изјава на германски, досетливиот претприемач се сети на уште две причини поради кои патниците треба да летаат со неговата компанија, а тоа се „удобните кревети и пушењето“.

Збунетата преведувачка немо го погледна Олири, кој сфатил дека шегата му успеа, па продолжил со објаснувањето дека картите во економската класа ќе чинат 10 евра, додавајќи дека картите од бизнис класата ќе бидат поскапи бидејќи патниците ќе можат да ги користат оралните секс услуги.

Гледајќи дека преведувачката не планира да ја преведе неговата изјава, сопственикот на „Ryanaira“ ја праша како на германски се вика „blow job“. Кога таа во шок му одговори дека Германците немаат соодветен збор за тоа, Олири тажно заклучи „Колку е катастрофален сексуалниот живот во Германија“.

Богатиот Ирец, познат по својот невообичаен хумор, минатата година издаде календар во кој неговите стјуардеси се сликани голи. Календарот се продаваше заедно со картите, а средствата од продажбата беа дадени за хуманитарни цели.

(Д.Т)




Наjновo од Стил
Авио понуда со орален секс
Porsche 911 Carrera 4 и 4S
Викторија Бекам ќе дизајнира фустани
Имам 200 оргазми на ден
Millechili подлога за новиот супер Ferrari?
Најсекси тенисери на Вимблдон
Зошто лошите момчиња секогаш ги освојуваат девојките?
Жените барале дозвола за оргазам?
Летни секс фантазии
Извонредни секс пози
Облечен секс
Секс во кола
Пози за подобар оргазам
Секс во црква
Усна секс магија
Моми и момци
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи