Зошто жените не сакаат секс за една вечер?!
И науката докажа дека мажите повеќе преферираат секс за една вечер, отколку жените.
Една од првите научни студии кои ги испитуваа позитивните и негативните чувства после секс за една вечер покажа дека еволуцијата не успеала да ја адаптира жената за ваков тип на секс. Доколку еволуцијата успееше во тоа, жените немаше да се чувствуваат „искористено“ и да жалат што имале секс без обврски.
 Интернет истражувањето спроведено врз 1.743 мажи и жени кои имале секс за една вечер покажува дека 80 отсто од мажите имаат позитивно мислење за ваквиот секс, кој според испитаниците нуди подобро сексуално задоволство. За разлика од нив само 54 отсто од жените немаат проблем со сексот за една вечер.
„Еволуцијата најчесто се движи низ позитивните и негативните емоции кои придонесуваат да го адаптираме нашето однесување. Нашите основни емоции не водат по патот на нашите предци. Доколку нашите женски предци се адаптирале на краткорочни врски, тогаш и денешните жени ќе уживаа исто колку и мажите“, вели психологот Ен Кембел од Дурхам универзитетот.
 Мажите се биолошки предодредени да се репродуцираат со повеќе жени, па оттука, според Кембел може да се извлече и објаснувањето зошто посилниот пол нема проблем со сексот за една вечер. За разлика од нив, за жените поважен е квалитетот отколку квантитетот.
„Гледано низ призмата на еволуцијата, жената е таа која се грижи за потомството. Таа морала внимателно да го избере животниот сопатник, да му биде верна се со цел да не му даде причина да се посомнева дека децата кои ги имаат заедно можеби и не се негови. Неодамнешните испитувања на биолозите посочуваат дека жената може да „профитира“ од сексот со повеќе мажи. Според биолозите, на тој начин ќе се зголеми генетската разноликост на децата.
Психологот Аљула Матунда проблемот го гледа во тоа што жените не можат да го одвојат сексот и емоциите, сексот од љубовта или пак сексот од некој вид на посветеност и поврзаност.
 „Мажите размислуваат на следниот начин - супер и двајцата сакавме да имаме секс, но не морам да ја оженам. Жените пак имаат тенденција да си направат филм во главата, тие постојано мислат дека сексот води некаде. Само затоа што биле интимни со една личност, почнуваат да размислуваат што тоа значи. Премногу значење им придаваме на нашите дејства, па често пати и премногу анализираме. Дури и во случаи кога здравиот разум ни вели – ’не сакам врска со овој човек, емоциите пак велат „да, но дали ова значи нешто или дали ме отфрла затоа што не сака да биде со мене“, објаснува Матунда.
Според Матунда, жените имаат некој вид на скрипта во своите глави која им вели дека сексот води кон љубов, љубовта кон брак и така натаму.
„Доколку сакаш да имаш секс со некој згоден тип, разумот треба да се тргне на страна. Мажите без проблем можат да станат и да си заминат после сексот и да кажат ’ќе се видиме’, но ние жените премногу анализираме. ’Ми рече дека имам супер тело’ или пак ’Рече дека никогаш досега не бил со некоја како мене, тоа сигурно значи дека му се допаѓам“, ’Се уште го имам неговиот број, дали да му се јавам’. Самите паѓаме во нашите аналитички замки“, вели Матунда.
Дали утре ќе биде тука – како да знаеш дали сакал само секс за една вечер
- Доколку не го побара твојот број, или не ти го дава својот
- Не сака да зборува за идни планови
- Не прави планови да се видите следната недела
- Нејасен е, вели дека во следниот период нема да е тука или ќе биде презафатен
Доколку утрото после сексот ви каже дека тоа е тоа, следете ги следните упатства:

- Доколку сте во неговиот стан, одете до бањата, средете се и заминете велејќи му: „Беше супер, се гледаме подоцна“.
- Доколку и двајцата сте се договориле дека ќе биде само секс, тогаш нема зошто да се грижите?
- Запомнете и двајцата сакавте исто нешто, тоа и го добивте. Тука нема никаква инвестиција, затоа не се приврзувајте.
- Запомнете зошто сте биле таму – да се забавувате
- Кажете и на најдобрата другарка, но не кажувајте им на другите, луѓето може да ве осудуваат.
- Доколку знаете дека следното утро ќе се чувствувате лошо, следниот пат побегнете пред работите да излезат од контрола и пред да се препуштите на уживањето.
(Д.Т)
|