
|
 |
Стил / Афродизијак
Пет предрасуди за женскиот оргазам
Иако многумина мислат дека се експертите за оргазам, честопати се среќаваме со пет предрасуди. Ќе се обидеме да елиминираме некои од митовите кои се поврзани со женската сексуалност и оргазмите.
Без оргазам нема уживање
 Иако барем една петтина од жените имаат проблем со доживување на оргазам, сите ќе се согласат дека водењето љубов може да биде едно големо уживање и во случај кога оргазмот ќе изостане. Уживањето не е нешто вродено, туку научено чувство, кое сме го стекнале со праската или пак со помош на сексолозите. Доколку сметате дека имате проблем со либидото и никако не можете да го достигнете врвот, време е да поработите на случајот.
Вагиналниот оргазам е подобар од клиторалниот
 Тука нема правила, бидејќи оргазмичката географија се разликува од лице до лице и се менува во текот на целиот живот. Уживањето е одговор на мозокот на стимулацијата, па така може да се случи да свршите и во сон и без било каков физички допир. Повеќето жени доживуваат оргазам со стимулација на клиторисот, но некои имаат посилно чувство при вагинална, а некои дури и при анална пенетрација.
Оргазмот може да се доживее само ако сексот трае долго
Погрешно. Важно е како се чувствуваме. Доколку сме сосем опуштени ќе ни треба помалку време.
Кондомите ги намалуваат шансите за оргазам
 Кондомите се ефикасна и неопходна контрацепциона метода. Некои мажи се жалат дека кондомите им ја намалуваат осетливоста за време на сексот, па поради тоа потешко свршуваат. Некои жени велат дека го имаат истиот проблем. Во повеќето случаи, кондомите не влијаат врз женскиот оргазам, посебно на клиторалниот.
Поголем пенис, поголеми шанси за оргазам

Старата поговорка „не е важна големината, важна е техниката“ е сосема исправна. Големината на пенисот не игра улога при постигнувањето оргазам. И големиот и помалиот пенис можат подеднакво да ја задоволат жената. Како потврда на ваквото тврдење е научниот доказ дека вагината е најосетлива на самиот влез. Осетливоста опаѓа со длабочината. Г-точката се наоѓа на само 5 сантиметри од вагиналниот отвор, што значи дека пенисот со просечна големина може да ја изврши стимулацијата без било каков проблем.
(Д.Т)
|
|
|
 |
 |
Моми и момци |
 |
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|