
|
 |
Стил / Афродизијак
Возрасните слободни жени често имаат оргазам
Најновото истражување на човековата сексуалност покажало дека припадничките на понежниот пол, кога не се во врска полесно доживуваат оргазам.
 Жените кои се сами, подобро контактираат со себе, смета секс-терапевтот Џејн Хауард, предводник на истражувањето, спроведена на околу 500 постари жени.
Студијата открила дека 56 отсто од сексуално активните жени кои немаат партнер доживуваат оргазам при секое самозадоволување, додека само 24 отсто од жените кои се во врска го имаат истото задоволство.
„Разликата е значајна и верувам дека мажите кои ќе го прочитаат тој податок ќе останат во најмала рака изненадени и помалку разочарани од фактот дека жените се ’позадоволни’ без нив“, изјавила Џејн Хауард.
Секс-терапевтот смета дека жените полесно доживуваат оргазам кога немаат партнер затоа што се послободни, не се под притисок да ги задоволат неговите желби и фантазии. Тоа што најмногу ја зачудила Хауард е фактот што луѓето во врска живеат сосема поразличен живот.
 „Резултатите од студијата го уништија митот дека луѓето остануваат во долгите врска поради лудиот и страстен секс и дека имаат див секс до смрт“, вели Хауард, додавајќи дека постојат парови кои одлично функционираат, а воопшто немаат секс.
Повеќе од 80 отсто од жените над 40 години се сексуално активни, додека овој број драстично е помал во седмата деценија, околу 27, отсто. Причина за ваквата појава, според Хауард е опаѓање на сексуалната способност на мажите кои навршиле 70 години.
|
|
|
 |
 |
Моми и момци |
 |
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|