петок, 11.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Стил / Афродизијак

Водич за „one night stand“

Згодниот странец или секси девојката може да ви ја заскокотка фантазијата и да ви ги возбуди хормоните. Ништо чудно, му се случува секому. Но не секој ја искористува шансата да ужива во секси авантурата за една ноќ. Доколку спаѓате во онаа категорија не луѓе кои ќе ја зграбат шансата за краткорочна страст, тогаш мора да се придржувате до некои правила. Со цел во сеќавање да ви остане само убавите моменти и за да не станете мета на уцени или пак  да не закачите некоја венерична болест, следете ги нашите упатства.

- Секако дека треба да знаете дека „one night stand“ по правило е секс лишен од емоции и романтично поврзување. Двете страни треба да знаат во што се впуштаат и не треба да сакаат нешто повеќе од тоа, се со цел да не бидат повредени.

- Секогаш морате да имате кондоми. Сигурно дека не сакате незаштитен секс. Не ризикувајте го сопственото здравје за неколку часа слатки страсти.

- Не оставајте телефонски број. Веројатно не сакате вашата едноноќна забава да стане кошмар. Колку помалку знаете за лицето и колку помалку знаат за вас, толку подобра секс авантура. Зпомнете „one night stand“ значи само исполнување на сексуалните желби.

- Секс за една вечер подразбира секс со странец. Веројатно не треба објаснување зошто не е добро да имате сексуална авантура со пријател-ка. Сексот само може пријателскиот однос да го направи комплициран, и веројатно дека некој од вас ќе пројави некакви емоции.

- Секс за една вечер само на трезно. Не е важно дали партнерот или партнерката пиеле, важно е вие да сте трезни. Знаете дека со неколку чашки алкохол и најгрдата девојка станува убавица, па сигурно дека би сакале авантура со некоја по која и на трезно би се завртеле?

- Не правете го тоа во вашиот автомобил. Веројатно дека не сакате љубовницата за една вечер да ве поздравува додека го паркирате автомобилот во некој трговски центар. Престари сте за да се криете и да стравувате дали повторно ќе ја видите.

- После сексот право дома. Никако не смеете да си дозволите заедно да заспиете. Можеби следното утро кога ќе се пробудите наместо секс бомба да видите нешто помалку убав призор или уште полошо кога ќе се разбудите на маса да ве чека појадок и кафе. Затоа после сексот, фаќајте магла, затоа што сексот за една вечер не подразбира преспивање.

- Не оставајте ништо зад себе. Уверете се дека се свое сте земале. Се што ќе оставите, запалка, маица, мобилен, може да биде употребено против вас.

- Не правете го тоа во сопствениот стан. Веројатно сте полуделе ако сакате авантурата да ја водите во својот дом. Правилото на таинственост паѓа во вода ако откриете каде живеете. Отидете во хотел или некои друго место во кое ретко одите.

На крај бакнеж за добра ноќ, па тоа не е вашата сакана личност, а ниту пак вие сте нејзината.

Ако не се придржувате до правила, запрашајте се дали тоа навистина било „one night stand“ или пак нешто повеќе.

(Д.Т)




Наjновo од Стил
Се повеќе млади мажи користат виагра
Немам труднички, туку пивски стомак
Водич за „one night stand“
Концептот-cX влегува во производство
Истакнете го најдоброто со костимот за капење
Кејт Мос раскина со момчето
И внуката на Бритни доби насловна
Повеќе секс помала шанса за импотенција
Топ 10 бизарни секс забрани
Водич за секс во лифт
Возрасните слободни жени често имаат оргазам
Пет предрасуди за женскиот оргазам
Еуро2008 го уништи еротскиот фестивал
Нови секс стилови
Зошто жените не сакаат секс за една вечер?!
Моми и момци
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи