
|
 |
Стил / Афродизијак
Се повеќе млади мажи користат вијагра
Просечната старост на мажите кои пијат „вијагра“ е се пониска. Имено, британските експерти заклучиле дека се поголем е бројот на мажите помлади од 30 години кои ја користат „вијаграта“ за да ги задоволат потребите на модерните жени кои се инспирирани од јунакињите од „Сексот и градот“.
 „На младите мажи им недостига самодоверба и очигледно им треба ’вијагра’, која вообичаено им се препишува на мажите над 50 години. Денешните еманципирани жени слободно го изразуваат сопственото мислење и бараат поголема издржливост. На тоа, очигледно ги инспирираа женските ликови кои имаат силни карактери“, вели доктор Џон Томлинсон, додавајќи дека се поголем е бројот на мажи на возраст од 18 до 40 години кои биле во „депресија поради лошите перформанси во кревет“.
Томлинсон смета дека за ваквата состојба придонеле и бројните реклами, како онаа на Дејвид Бекам за долна облека. Докторот, вели дека мажите токму поради таквите реклами сметаат дека не се доволно добри.
Експертите исто така посочуваат дека и порнографијата има влијание во создавањето на нерeалната слика кај мажите за желбите и потребите на жените.
„Порнографијата влијае на тоа како мажите се гледаат себе си и на нивната претставава како жените нив ги доживуваат. Притисокот доаѓа од митот дека треба да знаат што прават во спалната соба, како и од приказните дека жените тешко се задоволуваат“, вели Дениз Ноулс, секс-терапевт.
Мажите се почесто се чувствуваат помалку вредни поради модерните жени и феминизмот, кој се повеќе зазема замав, но повеќето проблеми потекнуваат од психата, вели Томлинсон.
|
|
|
 |
 |
Моми и момци |
 |
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|