петок, 05.09.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Стил / Афродизијак

Девица на 25 години - страв од секс

Како што Гејл се движи кон шанкот да нарача коктели за себе и за своите другарки, така машките погледи се вперуваат во неа. Без разлика каде и да се појави, нејзината темна руса коса, прекрасна фигура и убаво лице го предизвикуваат погледот на мажите

Сепак, доколку некој се обиде да и пријде, Гејл веднаш бега. Звучи бизарно, зарем не? Но во последните пет години Гејл развила фобија од секс, која отишла до таа мера, што едноставно не може ни да разговара со мажи.

Состојбата на Гејл научно се нарекува „генофобија“ – иритација, длабок и постојан страв од сексуален однос.

Во некои случаи, генофобијата се јавува после доживеана сексуална траума, но ова не секогаш е причината за појавата на ваквото однесување.

Поради фобијата, Гејл успа да изгуби голем дел од своите пријатели, а воедно изгуби и на самодоверба.

Дваесет и петгодишната Гејл се уште е девица. Работи како секретарка во една британска компанија и полна е со гнев, насочен кон самата себе си.

„Се чувствувам како аутсајдeр, како изрод. Ја изгубив најдобрата пријателка. Живеевме заедно, и таа на 21-година беше девица. Таа си фати момче, а јас станав љубоморна. Помислата дали  спијат заедно ме држеше будна цела ноќ, почнав да ги прислушувам преку вратата. Кога откри, едноставно не можеше да ми прости“, вели Гејл, која смета дека коренот на нејзината фобија лежи во нејзиното строго и традционално воспитување.

Младата Британка открива дека сексот бил табу тема во нејзиниот дом.

„Мајка ми и татко ми никогаш не зборуваа за емоционалната или за физичката природа на сексот. Доколку на телевизија се појавеше некоја секс сцена сите се грчеа од срам“,објаснува Гејл.

Делумна причина за ваквата состојба има и нејзината прва и единствена љубовна врска, која завршила лошо.

„Имав 18 години кога го запознав Ричард, бев спремна да се вљубам. И двајцата работевме како вратари во театарот во Манчестер, каде живеев со моите родители за време на школските распусти. Флертувавме и знаев дека постои искра меѓу нас. На крајот на вечерта ме испрати до дома, запре за да ме бакне. Почувствував пеперутки во стомакот. Си помислив, го запознав човекот со кого ќе ја изгубам невиноста“, вели Гејл.

Но, Ричард бил побожен христијанин. Иако парот продолжил да се гледа за време на студиите и за време на викендите преспивале еден кај друг, но секогаш спиеле во одделни кревети.

„Ги почитував неговите ставови. Секој петок или сабота, се бакнувавме и се гушкавме, но никогаш не одевме подалеку. Ми беше чудно што ги притискаме нашите природни потреби. Шест месеци подоцна ми раскина. Бев скршена. Само една недела пред да ја прекине врската за прв пат ми рече дека ме сака. Бев збунета, не знаев зошто ми раскинува. Едноставно исчезна од мојот живот и никогаш не го видов повеќе“, вели Гејл.

По раскинувањето, Гејл паднала во депресија, а лекарите и препишаа антидепресанти.

„Не знаев каде згрешив. Целосно изгубив на самодоверба. Доколку некој се обидеше да ми прозбори се вкочанував“, вели Гејл, која од неодамна добива напади на паника доколку некој маж и пријде.

„Се обидов да си фатам момче, но секогаш завршуваше исто – паничев и бегав. Во јануари се преселив во Лондон. Една вечер излегов со мојот цимер Стивен. Пиевме, се смеевме. Во еден момент ме бакна. Но, следниот ден кога сфатив дека сакал нешто повеќе ме фати паника и се заклучив во собата и не можев да престанам да пелтечам од страв. Кога ме праша што е проблемот, му реков дека не сакам, врска. Знаев дека ќе биде повреден, но не можев да му ја кажам вистината. Најлошото од се е тоа што навистина му се допаѓав“, вели Гејл

Младата девојка во моментов оди на третмани со хипноза се со цел да се ослободи од својата фобија.

„Не дека не сакам да бидам сексуално активни или пак дека не чувствувам сексуална привлечност. Ми се допаѓаат мажите и знам што е страст. Но, едноставно не можам да го направам следниот чекор за да бидам сексуално активна. Едноставно се плашам“, вели Гејл.

Нејзиниот клинички терапевт Моника Блек вели дека Бејл, како и останатите лица кои страдаат од генофобија има многу мала самодоверба.

„На почеток на третманите прво работев на тоа да ја опуштам и да ја натерам да има добро чувство за самата себе си. Најважно е да и се врати самодовербата. Кога тоа ќе се врати, со фобијата лесно ќе се справи", вели Моника Блек.




Наjновo од Стил
Убавина по секоја цена
За што премолчуваат мажите
Жените се палат на звукот од скапи коли
17 причини за секс
Жизел Бундшен ново заштитно лице на „Макс Фактор“
Некогаш без навреда, некогаш сурово
Жените се подобри лидери од мажите
Што ако вашиот партнер е егзибиционист?
Не знаете каде грешите?
Ја продава невиноста на интернет
И многу секс не е на арно
Секс на работно место
Златен туш за најхрабрите
Снимете домашно порно
Историја за ејакулацијата
Листа на најлоши љубовници
Infected Mushroom
Моми и момци
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи