
|
 |
Стил / Афродизијак
Зајачиците се враќаат во Лондон
Зајачиците, по повеќе од две децении ќе се вратат во Лондон со отворањето на новиот „Playboy Club“.
Извршниот заменик директор на „Playboy“ Дик Розенцвајг соопшти дека Лондон е одлично место за меѓународно проширување на компанијата, особено ако се има предвид дека градот претходно веќе бил домаќин на клубот познат по келнерките облечени како секси зајачици.
„Ги разгледуваме можностите за проширување ширум светот. Лондон беше сосема логична одлука со оглед дека имавме одлични години во тој град“, изјави Розенцвајг.
Осумдесет годишниот Виктор Лоунес, кој претходно го водеше Лондонскиот „Playboy“ клуб ја поздрави идејата.
„Клубот беше вистински успех. Просечната зајачица траеше околу две години, потоа се мажеше за милионер“, вели Лоунес.
Лондонски „Playboy“ клуб беше затворен пред 27 години откако се најде во фокусот на полициските истраги за криминалните и илегални коцкарски бизниси.
|
|
|
 |
 |
Моми и момци |
 |
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|