
|
 |
Стил / Афродизијак
Секс гел за жени
Мажите ги имаат вијаграта и циалисот, но за жените кои страдаат од слаба сексуална желба, се уште нема медицински третман. Сега истражувачите се во фаза на тестирање на нов начин за да им помогнат на жените да имаат здраво либидо.
Rapid Medical Research во Кливленд тестира нов производ наречен Либи-гел. Тоа е проѕирен гел со тестостерон, што пациентите треба да го втријат на рацете еднаш во текот на денот.
Др.Вулф Утиан, надгледувач на ова тестирање вели:"Ова е за жени кои не чувствуваат никаква сексуална желба, кои поради различни причини го изгубиле чувството и интересот за секс."
Многу од жените кои поминале низ менопауза, ги покажуваат овие симптоми. Овој гел е сличен на ефектот од тестостероноска лепенка што се употребува за зголемување на сексуалната желба која има широка употреба во Европа, но Food And Drug Administration го забранија користењето, бидејќи е потребно подолго тестирање пред да биде одобрена за употреба.
Со клиничките испитувања се покажа дека овој хормон може да делува на подобрување на сексуалниот живот кај жените.
Утиан е разочаран од фактот што САД заостанува во третирањето на либидото на жените и дека сите испитувања до сега биле насочени за помош на мажите. Тој вели:"Тестостеронот има влијание кај жените, меѓутоа тоа бара испитувања од шест и повеќе месеци за да се види конечниот резултат. Сепак постои ризик од употребата на тестостеронот кај жените, како што е задлабочување на гласот и појава на влакна на лицето."
Жените кои се заинтересирани за ова испитување, не мора да поминале низ менопауза, но треба да земаат естроген во вид на таблети за контрацепција или како хормонска терапија.
|
|
|
 |
 |
Моми и момци |
 |
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|