понеделник, 21.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Стил / Афродизијак

10 секс совети

Веројатно поголем дел од овие совети ви се познати, но никогаш не е лошо да се потсетите. Има и такви, кои добро ги знаат овие непишани правила, но секогаш од некои причини ги заобиколуваат.

1. Мажите не се неодоливи и не сите жени се очајни за секс. Добриот секс започнува пред да стигнете до спалната соба, затоа пред да отидете на состанок, избањајте се. Сите мирисаат: некои жени го сакаат мирисот на машка пот, некои не, но никој не го сака мирисот на бајато.

2. Забите се исто важни колку и препоните и пазувите. Не заборавајте да ги измиете. Кога се бакнувате со девојка или кога седите близу до неа, таа во ниту еден момент нема да посака да го почувствува вашиот лош здив или пак да ја забележи салатата меѓу вашите заби.

3. Избегнувајте ги тешките оброци пред секс. Остригите и аспарагусот се сметаат за афродизијаци, но тоа е само поради фактот што нивниот визуелен изглед и мирис потсетуваат на секс. Шампањот е подобар избор, но изберете некој кој е помалку киселкав, се со цел Кама Сутра позите да не ви предизвикаат индигестија.

4. Бидете внимателни со пиењето. Познато е дека алкохолот ја зголемува желбата за секс кај мажите, но ја намалува способноста.

5. Било која иритација или благо воспаление на пенисот, колку и да изгледа безопасно, значи дека сексот мора да се прекине. Кламидијата кај мажите може да се развива без пропратните симптоми. Може да се јави во форма на благо воспаление на пенисот, односно благо воспаление на врвот на пенисот при што отворот  се залепува по спиење

6 Секогаш користи кондом со новата партнерка, дури иако изгледа невино или како калуѓерка. Дури и постојаните партнери треба да прават тестови за кламидија и проверка на крвта.

7 Мажите се плашат од осуди, без разлика дали тоа е од колегите на работа, од другарите со кои играат фудбал или пак од новата девојка. Мажите се загрижени за големината на нивниот пенис. Запомнете дека мажите секогаш својот пенис го гледаат како помал, без разлика колку е неговата вистинска големина, или како другото лице гледа на пенисот.

8. Не брзајте со сексот и веднаш не се фокусирајте на гениталиите. Полека. Научете да масирате. Тоа може да биде одлична предигра, особено доколку партнерката е уморна или под стрес. Користете средства за лубрикација.

9. Потрудете се со бакнежи и комплименти да и покажете на партнерката колку ве привлекува. Разгалете ја. Не ги запоставувајте  градите и другите ерогени зони.

10 И двата пола имаат лоши денови за секс. Повеќето мажи од време на време немаат целосна ерекција, дури и оние кои се фит, вежбаат и се ентузијасти, како и оние кои се помалку искусни, нервозни може да имаат предвремена ејакулација.


Наjновo од Стил
10 секс совети
Нови информации за Honda NSX
Придружничката ја засени мисицата со својата тежина
Фудбалот поважен од сексот
Трамп го продаде имотот на Палм Бич за 100 милиони долари
Десет Латино дестинации за одмор
Mazda - Kazamai концепт
Секс скандал на Закинтос
Секс гел за жени
Зајачиците се враќаат во Лондон
Девица на 25 години - страв од секс
Девојките на Хефнер
Се повеќе млади мажи користат вијагра
Водич за „one night stand“
Повеќе секс помала шанса за импотенција
Моми и момци
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи