Стил / Афродизијак
Машки ерогени зони
За повеќето мажи секот е поважен од предиграта, се разбира ако притоа водат сметка и за задоволувањето на партнерката. Сепак и мажите имаат свои скришни места на нивното тело на кои лесно се возбудуваат и „потпалуваат“ доколку се допрени од женска рака.
УШИ И СЛЕПООЧНИЦА – нервите во ушната школка и на слепоочницата се директно поврзани со половиот орган. Затоа мажите сакаат партнерката да ги љуби в уво. Дури и самото нејзино дишење и шепотење, како и нежното галење на овој дел од главата има неверојатен ефект, просто ги здивува.
КОСА – исто така може да биде предмет на возбудување, особено на коренот на вратот и во пределот зад зулуфите. Најдобар „пат“ за галењето е од зад уши, преку вратот, па до рамената. Од ова ќе му се наежи кожата.
УСНИ – не се создадени само за бакнување, туку и за допирање, лижење, гризење... Тие се најважниот дел од предиграта на мажите.

БРАДАВИЦИ – мажите се поделени во две групи. Во првата спаѓаат оние чии брадавици се осетливи на допир, исто колку што се чувствителни и брадавиците на жените. Во втората група спаѓаат оние за кои тоа е непријатно чувство, бидејќи им предизвикува скокот. Сепак, обидете се да го наговорите да го пробате тоа и да му се препушти на експериментирањето.
ВНАТРЕШНА СТРАНА НА РАЦЕТЕ – особено мазна и нежна кожа, како кај бебињата. Многу мажи не знаат дека тука се сместени ерогените зони. Затоа вреди да се потрудите!
СТОМАК – најосетлив дел е оној под папокот, отприлика два прста под него. Секое допирање со усните, јазикот или со рацете, односно прстите кај него раѓа желба за секс, тогаш започнува длабоко да воздивнува и да ужива. Со други зборови, почнува да преде како мачка.
ПЕНИС И СКРОТУМ– односно во пречник од 20 сантиметри од неговиот полов орган се наоѓа центарот на неговото задоволство.
БЕДРА– подеднакво сензитивни колку и рацете. Сепак, мажите се најосетливи на галењето од коленото нагоре, односно кон нивната „гордост“.
(Д.Т)
|