Карлични вежби за подобар секс
Ново истражување покажа дека оние жени кои ја одржуваат својата физичка кондиција, доживуваат повеќе оргазми за време на сексот.
Исто така, откриено е дека редовното практикување на карлични вежби, може да ги зголеми шансите за достигнување на екстаза.
Осум од десет жени кои за период од четири недели секојдневно правеле вежби за карличниот појас, го подобриле сексуалниот живот.

Ова истражување, откри дека седум од десет жени можат да ја најдат Г-точката, но 28 % од нив немале оргазам за време на сексот.
Скоро половина од испитаните жени, изјавиле дека прават карлични вежби, но би било добро доколку некој им го покаже правилниот начин за тоа како најдобро да ги изведуваат.
Оние кои веќе се породиле, имаат најголема корист од овие вежби бидејќи мускулите после породувањето се опуштени и оштетени.
Со помош на овие вежби се постигнува стегање и отпуштање на мускулите поврзани со вагината, а на тој начин се подобрува сексуалниот однос и се доживува поголемо задоволство.
(T.J)
|