недела, 23.11.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Стил / Афродизијак

Кога е најдобро време за секс
Сексуалноста и желбата за секс кај понежниот пол зависи од периодот на месечниот циклус и од нивото на хормоните

Желбата за сексот кај жените најмногу зависи од нивото на хормоните, кое се менува во зависност од месечниот менструален циклус. Жените се особено сензитивни кога станува збор за сексуалноста, па затоа и најмала ситница може да влијае на нивното расположение за секс. Ако сакате да знаете кога сте „најподготвени“ за секс, водете се според месечен циклус.

Од првиот до седмиот ден од почетокот на менструацијата, жените се најмалку расположени за секс. Колку повеќе се приближува периодот на менструацијата, така опаѓа нивото на естрогенот, што значи дека се намалува влажноста на вагината, а тоа значи дека ќе ви треба малку повеќе труд за да се расположите за „жешка игра“. Во овој период никаде не одете без лубрикантите, никогаш не се знае каде „лежи“ сексот.

Од осмиот до 14 ден на циклусот обично имате најсилен сексуален нагон. Телото се подготвува да испушти нова јајце клетка, што воедно значи дека тогаш сте и најплодни, затоа внимателно. Поради порастот на нивото на естрогенот се чувствувате супер секси, а тоа го чувствува и спротивниот пол. Затоа во овој период ќе привлечете повеќе машки погледи на себе, отколку во други периоди. Научно е докажано дека мажите ги привлекуваат жени кои се во периодот на овулација.

Третата недела, односно од 15 до 21 ден од месечниот циклус, нивото на естрогенот започнува да опаѓа. Овулацијата претежно се случува околу 14-иот ден од циклусот, а силниот сексуален нагон ќе трае уште неколку дена после тоа, затоа искористете го периодот најдобро што можете!
Од 21 до 28 ден расте нивото на прогестерон, другиот женски полов хормон. Можеби не сте забележале, но во тие денови вашиот глас станува подебел и звучи посекси. Но, како се наближува крајот на оваа недела, така се приближува уште една менструација, што носи чувство на надуеност, раздразливост, а многу жени тогаш се чувствуваат помалку секси од вообичаено. Но, не грижете се за неколку дена започнува новиот циклус, а со него се враќа и вашата желба за секс.

Информацииве може да им помогнат и на мажите кои се во долга врска или се во брак, со овие информации веројатно ќе им биде полесно да увидат кога е најдобро да бараат секс. За жал, податоциве се сосема некорисни за оние кое се слободни стрелци и кои преферираат кратки авантури. (Д.Т)


Наjновo од Стил
Ford го освежи Mustang-от
Бидете во тренд - имајте металик нокти
Lamborghini Gallardo LP560-4 Spyder
Животната приказна на Јуџин Ален
Грците сметаат дека се лоши во кревет
Тинејџерите имаат позаштитен секс од повозрасните
Мажите со лузните се со краток рок
Свештеник повика на седум дена секс
Предиграта е преценета
Зависна сум од секс
Депресивните жени повеќе се сексаат
Секс преку дупка во ГТЦ
Дебелите повеќе се сексаат од слабите
Британските селанки се полесни
Што сакаат жените?!
Моми и момци
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Изложба
Топ стории за последните 7 дена од
Афродизијак
Тинејџерите имаат позаштитен секс од повозрасните
Свештеник повика на седум дена секс
Грците сметаат дека се лоши во кревет
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи