Водич за оргазам
Дали вашиот сексуален живот повеќе здодевен, отколку возбудлив? Не грижете се, група експерти составија „водич за оргазам“, кој е посветен на слатките, помалку „dirty“ задоволства.
Мажите ги избираат позите кои најлесно ќе ги доведат до оргазам – жените треба да го направат истото, да ја преземат контролата. Трикот за полесно постигнување оргазам е во тоа да се направи притисок врз клиторисот, а тоа можете да го постигнете доколку повеќе ја движите карлицата за време на сексот, народски кажано доколку „мешате“. Најдобра положба за ова е мажот да легне на грб, а жената да се седна врз него, така таа полесно ќе може да ја движи карлицата, а доколку го потстегне карличниот мускул, нејзиниот оргазам ќе биде поинтензивен. Оваа позиција е одлична за да стигнете до Г-точката која се наоѓа во близина на уретрата
Уште еден добар совет, не се трудите да свршите истовремено. Не размислувајте дали сте на почетокот, на средината или на крајот на сексуалната игра, така ќе се опуштите и ќе си ја отворите вратата за побрз оргазам, кој може да се случи уште за време на оралниот секс. Сконцентрирајте се на моментот, препуштете се на емоциите и не мислете, така полесно ќе свршите.
Доколку сакате да доживеете повеќе оргазми, подобро е да искористите различни форми на стимулација. На пример, прво оргазам преку орален секс, а потоа преку Г-точката. Запомнете, доколку имате секс во пијана состојба, вашите сетила се затапени, па оттука и оргазмот нема да биде каков што треба.

Најдобар начин за постигнување на супер оргазам е да го ставите мозокот во „оргазам мод“, односно да успеете да го задржите во иста позиција како пред да ги соблечете алиштата.
Оргазмот претставува ослободување на мускуларната тензија, колку повеќе ментално се возбудите, толку посилно ќе свршите.
Направите се што можете за да го „потпалите“ вашиот мозок, читајте секси книга, туширајте се долго.... Така кога ќе имате секс веќе ќе бидете добро потпалени.
Уште еден добар совет, набавете си Hitachi Magic Wand, со него масирајте го вашиот клиторис. Вибрациите се толку силни, што ќе го разбудат „возвишеното“ чувство во вас.
Вежбите за карличниот мускул исто така ќе ви помогнат полесно да доживеете оргазам. Правете ги секојдневно, во било кое време, на било кое место. Вежбите се состојат од стегање и опуштање на карличниот мускул.
Важно е да знаете дека секој различно го доживува оргазмот, па затоа не трудете се да постигнете нешто за кое вашите пријателки ви збореле, можеби кај вас тоа поинаку изгледа.
Исто така, експертите препорачуваат жените да се потрудат и сами да доживеат оргазам со мастурбација. Многу жени мислат дека тоа не е исправно да се прави во врска, но грешат. Така најлесно ќе откриете како и на кој начин најлесно ќе можете да се доведете до оргазам. Секако не треба да се заборави дека комуникацијата при сексот е особено важна. Партнерот мора да знае што вам ви се допаѓа.
Исто така, е важно да не се фокусирате само на оргазмот, односно доколку нешто не штима во вашата врска, тогаш и сексуалниот живот страда. Обидете се да ги решите проблемите во врската надвор од спалната соба, така и вашиот секс ќе се подобри.
И дишењето влијае врз оргазмот. За време на сексот дишењето е забрзано и честопати се случува да се задржи здивот. Тоа ве прави понапнати, а кога сте во таква состојба, потешко свршувате. Доколку сте свесни за начинот на дишење, обидете се да го контролирале, така полесно ќе доживеете оргазам.
На некои жени им е потребна поголема стимулација за да доживеат оргазам, затоа подобро стимулирајте го клиторисот, отколку да експериментирате со нови пози.
Вибрациите се одлични за постигнување на оргазам. Одлична секс играчка е вибрирачкиот прстен наречен „The Love Heart“, кој се става околу пенисот на мажот. Прстенот, освен што испраќа вибрации до клиторисот, исто така му овозможува на мажот има долг секс без да сврши. (Д.Т)
|