Стил / Афродизијак
Либидото, огледало на здравјето
Пред неколку години, научниците докажаа дека сексуалната желба кај луѓето се должи на гените. Некои наследиле големо либидо од нивните предци, што ги тера секојдневно да имаат нагон за секс. На некои им е доволен секс само еднаш во неделата, додека пак други воопшто не чувствуваат желба и се среќни со платонска љубов.

Либидото може да варира, во зависност од околностите. Многу луѓе признаваат дека кога одат на одмор, сакаат да имаат секс секој ден. Во целина, либидото се уште останува феномен. Ако евентуално се влоши, тоа може да биде знак на некој здрвствен проблем, првенствено влошување на психичкото и физичкото здравје.
Сексуалната желба, директно зависи од ендокрините жлезди, односно хормоните, а како најважен е тестостеронот. Тестисите создаваат тестостерон под контрола на централниот нервен систем. Ако кај мажот има големо количество на тестостерон, неговото либидо е поголемо отколку просечното. Општо е познато дека овие мажи се добро градени и агресивни. Кај нив исто така побрзо почнува да се губи косата, и тие се повлакнести на пределот на градите, грбот, задникот и лицето.

Нивото на тестостерон во крвта постепено се намалува со годините, околу еден до два проценти годишно, но овој процес трае до 60-тата година. Тестостеронот може да се намали со прекумерна тежина, преголемо количество на алкохол, доколку има оштетување на слабината, при изложеност на радијација и ако се прима некаква хормонска терапија.
Научници од САД заедно со Професорот Питер Греј, дефинираа уште еден фактор кој делува на сексуалниот апетит кај мажите. Имено, тие испитале околу 200 фармери во северна Кенија, на кои им било измерено нивото на тестостерон. Резултатите покажале дека оние кои легално имале повеќе жени, имале пониско ниво на тестостерон, додека највисоко ниво се покажало кај ергените.

Исто така и кај жените, овој хормон делува на сексуалната желба. Кај нив тестостеронот се создава во јајниците, но излачувањето кај жените не е толку стабилно како кај мажите, поради месечниот циклус, бременоста, пораѓањето и климаксот. Апчињата за контрацепција имаат големо влијание врз намалувањето на тестостеронот, бидејќи содржат супстанција која го неутрализира количеството на хормонот во крвта.
Либидото е многу сложен поим и не може да се ограничи само на нивото на хормоните. Исто така, мозокот треба да реагира соодветно со хормоните, бидејќи расположението е од големо значење за желбата за секс. Многу нешта како депресијата, несоница, диета, болест или замор, можат во целост да предизвикаат губење на сексуалниот нагон.

Меѓутоа, најважно од се, е односот кој партнерите го имаат воспоставено и отвореноста во разговорите за интимата. Либидото може да исчезне поради монотоност и навика, затоа се смета дека првите три години се најдобар период во еден брак да се има деца, бидејќи страста меѓу брачните партнери, и покрај љубовта, полека се редуцира.
(Т.Ј)
|