
|
 |
Стил / Афродизијак
|
|
Dirty talks секаде и во секое време
Луѓето честопати грешат мислејќи дека „ dirty talk“-от е резервиран само за спалната соба. Всушност, овие возбудливи, секси реченици можете да ги искористите секаде кога срцето ќе ви посака. Ја знаете сигурна онаа изрека „За се постои и време и место“? Таа во овој случај просто не вреди бидејќи „dirty talks“ се одлични во секое време и место, секако со ваша и негова дискреција.
 Една од добрите работи кај „ dirty talk“-от е тоа што може, но и не мора да сте добро упатени во сценаријата на порно филмовите за да ја разбудите имагинацијата на вашиот партнер. Ако на вашите предизвикувачки зборови го врзете и соодветниот говор на тело, а на сето тоа го додадете и моментот изненадување, со малку зборови можете далеку да стигнете. Еве неколку места каде „dirty talk“-от едноставно ќе го збудали...
Додека е на работа: Ова е одлично време и место за такво нешто, бидејќи така до крајот на денот постојано ќе мисли на вас и со нетрпение ќе ја чека средбата со вас. Особено добредојдени се двосмислената игра на зборови. Можете да го побарате наутро и да му кажете нешто во стилот: „Не знам што ми е. Штом помислам на тебе ме фаќа жештина... Одвај чекам подоцна да те видам...“
Во јавност: Многумина сакаат нивната возбудлива комуникација да ја започнат во јавност, се разбира голема дискреција. Секој изустен збор е своевидна мала тајна која ја знаат само тие. Особено е важно како ќе го направите сето тоа. Пријдете му нежно со срамежлив израз на лицето, припијте му се и шепнете му нешто (било што ) на уво. Истовремено со раката нежно минете крај неговите препони. Вашите зборови не треба да бидат комплицирани, туку нешто од типот „Те посакувам. Веднаш!„, ова ќе го извади од такт. Играта можете да ја примените било каде, за време на вечерата со пријателите, во авион, на кино... каде и да посакате!
 В кревет: Ова можеби и е најлошото време за „ dirty talk“, бидејќи секси атмосферата веќе е спремена. Тогаш и нешто поедноставно, како на пример благите воздишки додека го бакнувате е добар показател за тоа што го посакувате. Има нешто во женските воздишки што ги „потпалува“ мажите. Ќе го „потпалите“ и доколку му кажете што се сакате да ви прави, особено ако тоа го кажете одлучно, подоминантно.
Секогаш кога ќе добиете желба за секс или само за нежност, кажете му како се чувствувате. Колку далеку ќе отидете во опишувањето на вашите желби, зависи само од вас. Немојте да форсирате, почнете полека. Кажете толку колку што сметате дека нема да направи да се чувствувате непријатно и толку колку што нему ќе му биде пријатно да слушне. Со текот на времето можете да го засилите интензитетот. Изговарајте ги провокативни зборови одлучно додека сте припиени до неговото тело, а останатото ќе почне да се одвива само од себе.
(Д.Т)
|
|
|
 |
 |
Моми и момци |
 |
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
 |
 |
Топ стории за последните 7 дена од Афродизијак |
|
|
|
|
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|