
|
 |
Стил / Афродизијак
Сексуално агресивни жени
Во една студија за психо-сексуалните особини поврзани со сексуалната агресија кај жените, истражувачите како клучни фактори ги наведоа:
- карактерот
- сексуалната самодоверба која ја одразува свесноста за сексуалноста
- задоволството од сексуалниот живот
- преокупацијата со сексуални мисли
- мотивацијата и желба за секс
- анксиозноста и тензијата околу сексот и стравот од влегување во сексуална врска.
 Овие карактеристики беа споредени со четирите нивоа на сексуална иницијатива. Жените кои немаат никаква иницијатива за секс, се покажало дека имаат помала самодоверба и не чувствуваат задоволство за време на сексот. Оние жени кои користат некој вид на физичка сила како удирање или цврсто стегање на партнерот со цел да имаат поголемо задоволство, се повеќе свесни за својата сексуалност и имаат поголема самодоверба.
Послободните жени во играта на заведување ја вклучуваат фантазијата и се порелаксирани за време на сексот, бидејќи знаат што сакаат и знаат како да го добијат тоа. Тие можат на најразлични начини како што се заводливо играње, носење секси долна облека или еротска масажа, да го доведат партнерот до лудило. Тоа се должи на нивниот отворен пристап кон сексот и желбата за уживање.

Жените кои почесто мислат на секс, имаат поголем мотив да се впуштат во сексуална врска и да користат некои агресивни стратегии за заведување.
Сепак општо верување е дека мажите имаат значително поголема сексуална мотивација отколку жените и затоа се поагресивни.
(Т.Ј)
|
|
|
 |
 |
Моми и момци |
 |
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|