
|
 |
Стил / Афродизијак
|
|
Секс совети на познатите
Познатите дами на различен начин се трудат да ја одржат страста во врската или бракот. Така Ким Катрал често мастурбира, Кристина Агилера вовела ден, Гола недела, додека Ева Лонгорија учи француски.
Дита фон Тиз им советува на девојките да се пипкаат по местата каде што би сакале нивните партнери да ги допираат.
 „Нека тоа биде лицето, вратот или косата. Правете го тоа додека разговарате со него и преправајте се дека сте фасцинирани од се што тој ќе каже“, открива Фон Тиз.
Според Бијонсе, се што ви треба е кратко црн фустан.
 „Мислам дека секоја жена мора да има еден. Ако нема, мора да набави, бидејќи тие понекогаш се неопходни. Јас секогаш во орманот имам неколку секси црни фустани“, вели Бијонсе.
Глумицата Кејт Бекинсејл и нејзиниот сопруг Лен Виземан за да го зачуваат бракот, поголем дел од времето се раздвоени. Комуницираат благодарение на камерите.

„Камерите ни се од голема помош. Во тие моменти Лен ми наредува што да облечам и што да правам“, вели Кејт.
Клучот за добриот секс е во тоа да се сакате себе си, смета Ким Катрал.
 „Колку порано научите да мастурбирате, толку побрзо ќе ви се подобри сексуалниот живот. Ми беа потребни години и години на самоистражување за да дојдам до овој заклучок. Читав многу книги напишани од секс-терапевтите и го проучував сопственото тело пред огледало само за подобро да го запознам“, објаснува Ким Катрал.
„Очајната домаќинка“ Ева Лонгорија го открила јазикот на љубовта.
 „Учам француски за да можам со мојот сопруг, кој е Француз, да зборувам секси работи в кревет“, вели Ева Лонгорија.
Камерон Дијаз пак смета дека мора да го извлечете најдоброто од себе и тоа да го искористите во своја полза. Таа советува, ако имате долги нозе, облечете високи потпетици.
Кристина Агилера ги зачинува работите со голата недела.
 „Ако сакате да го зачувате бракот, зачинете го. Затоа ја воведовме голата недела, ден кога сте дома, не излегувате, туку минувате време заедно. Се што ќе правите, правете го голи“, вели пејачката.
Еве уште неколку тајни на познатите ѕвезди.
Пејачот Сил и неговата сопруга Хајди Клум обожаваат да водат љубов во орман, бидејќи сакаат мрачни и тесни простори.
Холивудскиот заводник Џорџ Клуни го возбудува постојаните менување на партнерки.
- Старлетата Џордан и нејзиниот сопруг Питер Андре за време на сексот носат маски.
- Линдиз Лохан се пали на ножеви, текила, девојки и снимање на порно филмови
- Иако е сопруг и татко на шест деца, актерот Мел Гибсон ужива во садо-мазо секс.
- И можеби ќе ви изгледа чудно по сите јавни испади и настапи, но проблематичната Бритни Спирс ужива во „нормален“ секс.
|
|
|
 |
 |
Моми и момци |
 |
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
 |
 |
Топ стории за последните 7 дена од Афродизијак |
|
|
|
|
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|