
|
 |
Стил / Афродизијак
|
|
Со солзи и смеа до подобар оргазам
Дали ви се случило партнерката за време на сексот да заплаче или да се насмее?
 Смеата и плачот честопати се преплетени. Со смеата и солзите луѓето покажуваат дали се весели или тажни. Понекогаш, во исклучителни ситуации исто така може да се случи да се смееме и кога сме многу тажни, а понекогаш и да се расплачеме од среќа. Понекогаш овие експресии се преплетуваат кога ги изразуваме. Смеата и плачот може да се преплетат и за време на сексот. Сексот, љубовта, физичката близина, сето тоа ги потенцира сите чувства кои ги имаме. Понекогаш пред, за време или после оргазмот може да се случи ерупција од неконтролирано смеење или пуштање по некоја солза. Смеата не секогаш доаѓа до смешната ситуација, исто како што плачот не доаѓа поради болка или тага. Ова не е така ретка појава. Секако дека не е ненормална.
Постојат повеќе причини за ова:
 Напнатост
Сексот може да биде многу стресен. Ова е честа појава кај паровите кои се малку време заедно, допрва се запознаваат и утврдуваат што му/и годи на партнерот/ партнерката.
Осетливост
Ако за време на сексот потполно се опуштиме и потполно се предадеме, секој милиметар на нашата кожа може да стане ерогена зона. Може да се појави и скокот. Тоа особено важи за долниот дел на стомакот и за внатрешната страна на бедрата. Тој осет може да биде присутен и извесно време после сексот.
Оргазам
Оргазмот активира цела низа реакции на телото. Одговорот на телото на оргазмот може да биде плач или смеа. На тој начин телото ви кажува дека сте го постигнале врвот и оти се ослободува од напнатоста.
Ранливост
Плачот може да биде последица на неверојатната ранливост. Постојат повеќе причини. Едната потекнува од чувството за припадност кон партнерот/партнерката, тоа не прави ранливи, бидејќи сме целосно соголени пред него/неа. Другото чувство е дека го партнерот/партнерката. Третата е последица на тоа што се обземени од ситуацијата.
 Жените повеќе се склони кон смеење и плачење за време на сексот отколку мажите. Сепак, оваа појава не е карактеристична само за жените. Тоа не е ништо срамно и не треба да се оптоварувате со чувството на вина или срам. Ако знаете дека сте склони кон смеење или плачење за време на сексот, добро е да го предупредите новиот партнер бидејќи тоа за него може да биде особено непријатно искуство. Доколку знае можеби и повеќе ќе ужива. Но, никако не трудете се да го спорете смеењето или плачот. Подобро за тоа разговарајте и уживајте. Смеењето и плачот се два екстремни показатела за опуштеност и преданост за време на сексот, но тоа не значи дека со вас нешто не е вред доколку вакво нешто се уште ви се нема случено. Тоа не значи дека не сте доволно опуштено или дека не знаете што е врвот. Тоа само значи дека вашето тело реагира поинаку.
|
|
|
 |
 |
Моми и момци |
 |
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
 |
 |
Топ стории за последните 7 дена од Афродизијак |
|
|
|
|
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|