недела, 23.11.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Стил / Афродизијак

Како да го уништите сексуалниот живот?!

Ништо од сексот доколку ги правите следните катастрофални грешки.

Сексот е едно од најсубјективните човекови искуства, затоа секогаш мора да имате на ум дека советите од пријателите, односно пријателките, советите од книгите или советите на терапевтите, може некому да одговараат, а некому не. Затоа никогаш не споредувајте се со другите (знаете дека повеќето ја прекројуваат вистината за нивниот сексуален живот). Затоа подобро насочете се кон тоа што вам и на вашиот партнер ви годи. Не се откажувајте од потрагата.

Колку што е важна самата акција при сексот, исто така е важно е да сме свесни за тоа што го чувствуваме. Со текот на времето, нашето тело и мислење се менува и развива. Тоа значи дека и нашата сексуалност постојано се менува. Кога ќе престанеме да мислиме на нашите сексуални чувства и искуства, го запираме нашиот сексуален развој. Треба да си поставиме цел дека како што старееме се повеќе ќе си посветиме внимание на овој дел од животот.

Никој нема совршено тело, па оттука нема поента да се споредуваме со совршените тела што ги гледате по медиумите. Сепак мора да сте свесни дека без разлика какво е вашето тело, тоа е важен дел од нашиот сексуален живот. Затоа никогаш не треба да се запоставите, не само поради партнерот/партнерката, туку пред себе поради себе. Редовната грижа за телото е еден од најдобрите начини како да се сочува или подобри сексуалниот живот

Сите во некој период од животот живеат со одреден мера на сексуална игнорација, таа игнорација ги зголемува ризиците, на пример да имате лош секс, да заболите од некоја сексуално пренослива болест. После ќе зажалите за тоа што сте го направиле, но може да биде и предоцна. Доколку сакате да ги избегнеме тие ризици треба секогаш да сте отворени за нови знаење кои ќе ви помогнат и вам и на вашата сексуалност. Никогаш не престанувајте да учите.

Сексот е всушност игра за возрасни. Иако сексот е поврзан со толку сериозни работи, како што се семејство, љубовта, одговорност кон партнерот/партнерката, сепак не смеете да заборавиме дека тој МОРА да биде забавен. Доколку сексот стане сериозен, рутински и рационален, тогаш се губи сета снага и магија што тој ја внесува во вашиот живот.

Доколку одлучите дека начинот на кој имате секс е единствениот начин на кој ќе го правите тоа, тогаш сте на добар пат да доживеете сексуално разочарување. Без разлика на политичките и религиозните верувања, постојат бројни начини за да ја изразите и доживеете вашата сексуалност. Со други зборови доколку ја изгубите креативноста, постепено го убивате уживањето во сексот. 

 Сексот понекогаш може да биде застрашувачки. Делумно поради тоа што многу малку се знае за него, делумно поради тоа што за време на сексот потполно сте разоткриени и губите контрола. Затоа многумина уште пред сексот се повлекуваат во себе: не зборуваат за своите желби, не кажуваат што навистина сакаат или за што фантазираат. Понекогаш стравот е потполно разбирлива реакција. Но, ако имате искрена врска тогаш нема потреба од такво нешто. Колку повеќе му дозволувате на стравот да ве води, толку помалку ќе добивате од сексот. Затоа слободно изразете се!!!


Наjновo од Стил
Ford го освежи Mustang-от
Бидете во тренд - имајте металик нокти
Lamborghini Gallardo LP560-4 Spyder
Животната приказна на Јуџин Ален
Грците сметаат дека се лоши во кревет
Тинејџерите имаат позаштитен секс од повозрасните
Мажите со лузните се со краток рок
Свештеник повика на седум дена секс
Предиграта е преценета
Зависна сум од секс
Депресивните жени повеќе се сексаат
Секс преку дупка во ГТЦ
Дебелите повеќе се сексаат од слабите
Британските селанки се полесни
Што сакаат жените?!
Моми и момци
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Изложба
Топ стории за последните 7 дена од
Афродизијак
Тинејџерите имаат позаштитен секс од повозрасните
Свештеник повика на седум дена секс
Грците сметаат дека се лоши во кревет
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи