Стил / Афродизијак
Историја за ејакулацијата
Фелациото е старо колку што е стар и сексот. За разлика од класичниот секс, каде основната функција е репродукцијата, овде целта е задоволството.
На сите им се познати завршните сцени од порно филмовите. Мажот стои со надрвениот пенис, жената клечи и чека врелиот млаз на сперма да и се разлие по лицето. Но, дали жените навистина уживаат во тој акт или тоа е само некој тренд кој преовладува во порнографската индустрија.
Сличноста меѓу устата и вагината е очигледна уште на прв поглед. Но, симболиката зборува нешто друго. Се почнува од положбата на жената, клечењето. Замената на органот кој е наменет за зборување, смеење и љубење, со органот за задоволување зборува за деградација на жената. Свршувањето в уста е остаток од едно старо верување дека спермата е свето нешто и оти не смее бесцелно да се расфрла на околу или да заврши на подот. Иако малкумина во денешното општество размислуваат така, сепак ова верување е зачувано во праксата. Мастурбацијата во повеќето религиозни општества е забранета, но човековата имагинација не познава граници. Доколку не може да мастурбира, тогаш ќе ја употреби својата сопруга. Доколку таа е во оној период од месецот, тогаш ќе мора да го задоволи на поинаков начин. Во денешно време, се повеќе забораваме на тоа од каде потекнуваат одредени сексуални задоволства и каква е нивната тајна порака.

Оралниот секс е особено популарен меѓу младите луѓе кои сакаат да доживеат оргазам, но истовремено се уште не сакаат да го пробаат „вистинскиот“ секс.
Покрај голтањето на спермата или краткото задржување и плукање, во последно време се попопуларна е ејакулацијата на лице или гради, која дефинитивно не го зголемува физичкото задоволството на мажите. Секако дека ова може да биде дел од некој фетиш, кој дополнително ја зајакнува врската. Не обидувајте се со здравиот разум да го откриете коренот на оваа појава. Можеби за неа и нема некое разумно објаснување. На некои луѓе им е важна естетиката и визуелниот ефект при сексот, додека пак некои едноставно уживаат во течностите кои излегуваат од нивното или пак од некое друго тело.
|