
|
 |
Стил / Афродизијак
Не знаете каде грешите?
Ако девојката несака да ви каже што и пречи кога сте во кревет, еве неколку совети. На жените најчесто не им се допаѓа следново:
Да сте неуредни: Во ред е ако фризурата не ви е средена, кошулата ви е истуткана. , но непријатниот здив, нечисти раце, црни нокти... не доаѓа во предвид! Да, испотеното машко тело може да ја разгори страста но таа пот да не е од работа, сонце или пак од спорт. Возбудлива е онаа пот која се појавува од сексот, додека исцрпени лежите во чиста постела.
 Звуци: некои дами сакаат романтично шепотење на уво, некои пак гласни комплименти, но никоја не сака мљацкање, цвилење или стенкање како во ВЦ. Обидете се да откриете што е тоа што ја возбудува, а што не и се допаѓа кога се во прашање звуците и немој да заборавите тишината некогаш е секси.
Мода: Во бели или црни боксерки, класични машки гаќи, секој маж може да изгледа секси. Тарзанки, танги и долна облека со цветови оставете ги настрана и употребете ги кога подобро ќе се запознаете.
Tехнологија: По сексот заборавете на мобилниот и далечинскиот за ТВ. Единствениот уред кој доаѓа во предвид е климата но само ако стане премногу жешко. Но сепак при рака имајте камера бидејќи некои девојки сакаат да се снимаат но само под услов тие сами да ви предложат
 Спиење: Кога се ќе се заврши, без разлика на тоа колку сте уморни немој да заспиете. На некои жени поважно им е она после отколку самиот секс. Ако било добро и ако сакате тоа да се повтори одново или пак да воспоставите поцврст однос со девојката, никако немој да заспиете или пак да сте „отсутни“ после сексот. Малку внимание, некој убав збор, бакнеж, кратка масажа на стапалата... па потоа на спиење
|
|
|
 |
 |
Моми и момци |
 |
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|