среда, 05.11.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Стил / Афродизијак

Што ако вашиот партнер е егзибиционист?

Дали некогаш сте забележале како вашиот партнер ги преминува границите, кога дозволува другите да ве гледаат додека сте интимни? Тој или таа изгледа дека ужива во вниманието, додека вие повеќе преферирате приватност. Се шегувате за егзибиционизмот на вашиот партнер, но длабоко во себе се прашувате што всушност тоа однесување кажува за вашата врска.

Овие луѓе сакаат кога се експонираат во јавноста на најразличен начин, преку провокативна облека за ноќните излегувања, непристојно однесување и слободно покажување на својата сексуалност па дури и преку веб камерата. Сето ова однесување може да биде прифатливо до одреден степен, на пример доколку таа личност не е во врска или има партнер кој еднакво ужива во егзибиционизмот.

Меѓутоа, што се случува кога партнерот е егзибиционист, а вие не сте? Ова допринесува за неколку проблеми кои настануваат во врската, особено оние поврзани со интернетот. Многу често оние кои не сакаат да бидат снимени за време на сексуалниот однос, можат да се почувствуваат под притисок и изневерени поради желбата на партнерот да се покажува пред јавноста. За да не се доведат во состојба да ги изневерат очекувањата на партнерот или да не го изгубат, се сложуваат на нешто кое не им причинува задоволство.

Интересно е да се забележи дека посрамежливите личности, често бираат егзибиционисти за партнери. Можеби ова се должи на фактот што спротивностите се привлекуваат, но постои и нешто подлабоко. Многу срамежливи луѓе, во себе посакуваат да бидат малку поотпуштени и послободни. Ова се однесува и од аспект на сексот. Тие сметаат дека оние кои слободно ја искажуваат својата сексуалност имаат поголема самодоверба и затоа немаат срам да се однесуваат отворено кон другите луѓе.

Меѓутоа ниту ова не е секогаш точно. Многу од егзибиционистите, со екстремностите во однесувањето, всушност ја компензираат потиснатата срамежливост и недоволната самодоверба. Првенствено можеби затоа индивидуи од ваков тип се привлечени меѓусебно, бидејќи чувствуваат взаемна рамнотежа. Но како што врската им станува се посериозна, овие разлики е потешко да се надминат. Срамежливата личност би помислила дека партнерот не се задоволува со него и дека има потреба од покажување во јавноста. Егзибиционистот пак, однесувањето на својот партнер, би го толкувал како знак дека не го сака доволно за да ги надмине своите стравови и да се придружи во егзибиционизмот.

Без разлика на сè, двајцата партнери се тие кои ќе треба да одлучат како ќе направат компромис во врска со заедничкото однесување. Со разговорите во врска со потребите на едниот и другиот партнер, се добива можност за откривање на причината зошто едниот се однесува егзибиционистички, а другиот е повлечен. На овој начин може да се надминат стравовите и разликите меѓу нив, потребите на двајцата партнери да бидат задоволени и врската успешно да функционира во иднина.


Наjновo од Стил
Зависност од балсам за усни?!
Seat Tribu SUV
И мажите зависни од пластика
Етерични масла за здрава и убава коса
Секс рекорди
Убавици за извоз
Нови Vespa модели
Дебелите повеќе се сексаат од слабите
Британските селанки се полесни
Што сакаат жените?!
Седум места за секс на екс
Се е нормално во сексот, освен...
Кога жената иницира секс...
Не е сè како во рекламите на Axe!
Зголемете ја желбата за секс
Eксперименти во кревет!?
10-те најголеми сексуални разлики меѓу мажите и жените
Моми и момци
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Астрономија
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи