Eксперименти во кревет!?
Откривање на нови положби за време на сексот и нови методи, е здраво за здравјето на човекот. Меѓутоа понекогаш желбата на партнерот може да биде неприфатлива за вас.
Дали партнерот ви предложил секс во тројка? Или пак сака анален секс, а вие не ни помислувате на тоа. Научите да се изборите за она што вам ви одговара.
Добро е да знаете дека како секој здрав човек, и вашиот партнер има фантазии, и е во ред ако ве праша дали сакате да бидете дел од нив. Партнерот што ве сака ќе разбере и ќе ја почитува вашата одлука, но и вие мора да возвратите со иста мера.
 Ако вашата девојка ве замоли да забавите или престанете, не значи дека е перверзна и не ве сака. Фактот што ви ја открила својата фантазија зборува дека ве сака и има доверба во вас. Пред да донесете одлука дали ќе ги исполните очекувањата на партнерот, добро размислете. Не можете да знаете дека нешто не ви се допаѓа ако воопшто не се обидете.
 Желбите во креветот можат да бидат различни. На некои од вас ќе им изгледа непристојно ако партнерот ви предложи секс на отворено или во кола. Некои пак сакаат навреди и благо тепање. Ако барањето ви се чини необично и го одбиете, затоа што во спротивен случај ќе ,,запливате во непознати води″, можеби е време да се опуштите. Сексот не е само внатре-надвор, туку бесконечен свет што можете да го откриете и да уживате во него. Размислите дали можете да постигнете компромис: ,,Навистина не ми се допаѓа да ми ги бакнуваш прстите на нозете, но обожавам масажа на стапалата″.

Ако е желбата и понатаму голема и не наоѓате компромис, време е да го одбиете партнерот. Вашите желби се на прво место и не е потребно да ја исполнувате секоја скриена фантазија на партнерот. А понекогаш фантазиите мора да останат тоа и што се – само фантазии.
Уште неколку совети како партнерот љубезно да го одбиете:
- Бидете љубезни
- Не навредувајте ја /го, не правите гримаси
- Кажете му дека тоа вас не ви одговара и не сакате никогаш да го правите
- Ако мислете дека е тоа соодветно, предложите алтернатива
И вие имате свои фантазии, можеби и нема да ги кажете некому, но ги имате исто како и вашата љубов. А фантазиите не се ништо (по)грешно, зарем не?
|