Блискост – клуч за среќен љубовен живот
,,Сакате да го оживеете својот љубовен живот? Тогаш обидете се, и земете слободно време само за вас и вашата љубов, делејќи блиски моменти″, препорачува една нова студија.
Во студијата, истражувачите навлегле во значењето помеѓу интимноста и недоверливоста.
Денис Хунан Соломон од Универзитетот во Пенсилванија и Џенифер Тас од Унервизитетот Рутгер, спровеле веб анкета вра 315 невенчани студенти за нивните врски на неделно ниво во текот на шест недели.

Резултатите покажале големо ниво на недоверба помеѓу партнерите, кога интимноста била на ниско ниво. Заклучиле дека неодлучноста во прифаќањето на врската е значајно за невенчаните парови.
Субјективниот напредок може да помогне да формираат реална романтична врска, со текот на времето, односно блискоста помеѓу партнерите има големо значање за тоа како ќе продолжи нивната врска.
|