
|
 |
Стил / Афродизијак
|
|
Како денес се гледа на невиноста
Невиноста била предмет на многу дискусии уште од минатото. Во тоа време невиноста се сметала како знак на чистота кај девојката и мажите го почитувале тоа, затоа што така биле воспитувани. Денеска на ова се гледа многу поинаку, концептите за животот и односите меѓу мажите и жените се променети.
 Да се биде девица значи да се нема искусено никаков сексуален однос со лице од спротивниот пол. Концептот за невиноста кој се применувал порано е создаден поради неколку причини. Прво тоа помогнало да се спречи сексуалната анархија и го штител човечкиот род од најразлични болести. И што е најважно на овој начин луѓето се учеле да ги почитуваат своите тела и да не размислуваат со сексуалниот инстинкт.
 Денешното општество го има променето овој концепт. Модерното време донесе либералност и толеранција во размислувањата кај луѓето. Ако порано жените биле само домаќинки и се грижеле за семејството, сега добиле исти права како мажите, па и од сексуална гледна точка.
Сега жените ги имаат истите права како и мажите, и слободно можат да ја изразуваат својата сексуалност. Луѓето имаат сексуална слобода, можат да живеат невенчани и веќе воопшто не е важно кога и во какви услови ќе се изгуби невиноста.
 Современите мажи се потолерантни во поглед на идејата за невиност, дури некои од нив претпочитаат искусни девојки. Сепак невиноста треба да постои барем до одредени возрасни граници, посебно кај девојчињата за да имаат време да ги изградат своите морални вредности, и да бидат свесни за својата сексуалност.
|
|
|
 |
 |
Моми и момци |
 |
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|