понеделник, 29.09.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Стил / Афродизијак

Добар секс и после годишен одмор

Нема ништо подобро од долг годишен одмор. Отпуштени сте и безгрижни, а тоа го подобрува вашиот сексуален живот. Дали сте се прашале зошто страста ја снемува кога ќе се вратите дома? Еве неколку едноставни совети кои ќе ви помогнат да уживате во сексот од годишниот одмор, цела година.
 
1. Пронајдете начин за релаксирање

Не дозволувајте да ви се намали вашата сексуалност. Топла бања со меурчиња или етерично масло, ќе ве отпушти. Понекогаш можете да се отпуштите и со читање на некој добар весник.

2. Комуницирајте со партнерот

На годишниот одмор одбирате зборови кои ги употребувате додека разговарате со партнерот, меѓутоа кога се враќате дома така разговарате само кога ви треба некоја услуга.

Ако убавите зборови ги нема и имате само ,,службен″ разговор, тогаш нервозата и караниците имаат отворен пат. Разговарајте со вашиот партнер за тоа што ви смета и каде е проблемот. Нормален разговор за проблемите, без викање и навреди, секогаш има позитивни резултати.

3. Меѓусебно пријатно  изненадете се

На годишниот одмор не сте одбирале место и време за водење љубов. Но дома е сосема друга приказна, дури и часовникот можете да го наместите по вашиот рутински секс. Водете љубов после вечерата, пред спиење, се на брзина, за наутро да не бидете поспани.

Сексолозите советуваат да ја разбиете рутината, т.е. еден ден да се разбудите десетина минути порано и да се ,,фрлите″ еден на друг пред работа.

4. Променете го местото на водење љубов

За време на  одморот, сте воделе љубов на плажа, во када, на базен итн, креветот ви се чини досаден?

Наједноставен совет е да одите во природа и криејќи се од нечии погледи, да и се препуштите на нежноста. Или пак зошто една вечер не изнајмите хотелска соба?

5. Не  правете ги секогаш вообичаените работи

Многу парови паѓаат во замка на рутината, односно го знаат начинот како да го ,,загреат″ партнерот, и се држат кон тоа како пијавици.

Не морате да превземете драстични мерки и да правите работи кои не ги сакате. Но, некоја поза од Кама Сутра да вметнете во сексуалниот живот, нема да ви дојде лошо. Секси облека па и некои секси играчки, можат да го направат моментот незаборавен.

6. Чувајте ја својата приватност

Останете прекрасни и кога ќе се вратите од годишниот одмор.

Можеби миењето на заби додека партнерот се тушира, спиењето во стара долна облека и отворената врата од WC-то зборува дека сте поблиски, но негативно влијае на сексуалниот живот.

Сексолозите советуваат да не претерувате со голотијата, т.е. да не шетате по станот голи после туширање, туку тоа да го оставите за посебни моменти. И, ако партнерот ве гледа често гола, му оставате многу малку простор за фантазирање.

7. Изгледајте прекрасно

Голема е промената кога после бикини, секси долна облека и вечерни фустани, ќе се облечете во широки тренерки. Вложете малку во својот секси изглед и кога не сте на одмор.

Многу можете да направите и со малку промени. Подобро облечете секси боксерици отколку обични памучни, или средете се во сабота вечер иако останувате дома.




Наjновo од Стил
Alfa Romeo Brera TI во Париз
Добар секс и после годишен одмор
Спиење со дете – уништен брак
Зајачиците бегат од Хефреновата палата
Пристигнува Megane со три врати
Сексот дебелее
Како денес се гледа на невиноста
Блискост – клуч за среќен љубовен живот
Десетте најдобри еротски филмови
Губење на сексуалната желба
Секс школо за невини мажи
Отпуштен цел персонал поради заведување гостинки
Љубовниот живот на античките Римјани
Разлики во сексот кај мажите и жените
greatest hits 2
Моми и момци
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи