
|
 |
Стил / Афродизијак
|
|
Зголемете ја желбата за секс
За да ја зголемите желбата за сексот треба да го смените начинот на размислување и однесување.
Ако сте една од оние жени кои сексот не го практикува често и се плаши дека мажот ќе го изгуби интересот за неа, не очајувајте има нешто што може да ви помогне да ја смените сегашната состојба. Ако се земе предвид секојдневниот притисок што го носи модерниот начин на живеење, не е ни чудно што многу парови ја губат наклонетоста и сексуалната возбуда, која порано се чинела дека ќе прсне во секој момент, дури и на недозволени места.
 Активниот и здрав сексуален живот е од особена полза не само за вашиот физички туку и емотивен живот, како и за вашето целокупно здравје. Но ако почнете еден со друг да сè земате здраво за готово, сета љубов и возбуда брзо ќе исчезне, а со нив и вашиот сексуален живот. За среќа постои начин како да го зголемите либидото и да уживате во сексот со партнерот.
1. Покажете му ја својата наклонетост. Зголемениот физички контакт со партнерот ќе ви помогне да ја пробудите и да ја зајакнете желбата и страста која ја чувствувате еден кон друг. Честото допирање, галење и љубење ќе ви помогне да го зајакнете либидото.
2. Водите сметка за себе. Ако се погрижите за вашето тело ќе се чувствувате подобро, поздраво посамоуверени и попосакувано. Самоуверената жена секогаш ги привлекува мажите. На тој начин повторно ќе го привлечете. Редовното вежбање е одличен начин за одржување на кондицијата и на здравјето.
3. Сменете ги лековите. Одредени лекови, на пример за висок крвен притисок или срце може да придонесат за намалување на сексуалната желба. Ова можете да го спречите со консултација со лекар кој ќе ви ги смени лековите или пак дозата.
4. Престанете да пушите. Пушењето ја намалува количината на естрогенот кај жените и долгорочно има лошо влијание врз либидото.
 5. Имајте редовен секс. Редовното одржувајте на сексуални односи го зголемува производството на тестостеронот, хормон одговорен за либидото и кај мажите и кај жените. Научно е докажано, колку повеќе имате секс толку повеќе ви се зајакнува сексуалниот нагон.
Во многу случаи и најмалите промени можат да направат огромна разлика во сексуалниот живот. Промените ќе ви помогнат повторно да почнете да водите љубов, и тоа редовно. Овие совети ќе ви помогнат да го подобрите целокупниот однос со вашиот партнер. Ако почнете да му ја покажувате наклонетоста, да му шепотите слатко и да го допирате, повторно ќе ја откриете љубовта која ја чувствувате еден за друг. Ќе станете поблиски, повеќе сакани и на крај и двајцата повеќе ќе уживате во сексот.
|
|
|
 |
 |
Моми и момци |
 |
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
 |
 |
Топ стории за последните 7 дена од Афродизијак |
|
|
|
|
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|