И покрај мислењето дека мажите кои што се опседнати со компјутери се смотани, најновите истражувања покажуваат дека се далеку поспособни во кревет од мачо типовите.
Тајната се крие во тоа што овие мажи се повеликодушни кога станува збор за секот, односно ги ставаат потребите на партнерката пред своите потреби.
За разлика од овие ,,паметни“ момци, оние кои се опседнати со своето тело и константни тренинзи се најсебични бидејќи личните потреби им се поважни од оние на партнерката.
На прашањето дали користите редовно секси играчки, дури осум од десет испитаници од ИТ секторот одговориле дека овие помагала играат важна улога во нивниот сексуален живот. Личностите кои на прво место го ставаат својот изглед, признаваат дека ретко се служат со сексуални помагала, а само три од десет мажи ги користат редовно.
Кога станува збор за зачестеноста на сексуалните односи , 53 проценти од канцелариските службеници велат дека во просек имаат секс три до четири пати неделно.
За 82 процента од мажите кои што се занимаваат со компјутери сексуалните потреби на партнерката се поважни од личните потреби а слично размислуваат и 49 проценти од канцелариските службеници. Само 49 проценти од сопствениците на компании и 41 процент од зависниците од фитнес се согласуваат со ова мислење.