Познато е дека мажите просто се опседнати со големината на својот полов орган, па токму затоа ви нудиме неколку совети за сите оние чиј „пријател“ се класифицира во малата категорија. Според мерењата микропенис е оној пенис кој во фаза на ерекција е долг помалку од 6 см, додека просечните должини се движат од 14 до 15, 5 см, што значи дека мал пенис е сè она што е помеѓу 6 и 14 см.
Ако сте во категоријата на мажи со мал пенис, без паника бидејќи и со оваа должина можете во потполност да ја задоволите партнерката.

Пред пенетрација
Сексот е нешто многу повеќе од обична пенетрација и се повеќе мажи започнуваат да ја сфаќаат важноста на предиграта. Мажите со мал пенис треба да и посветат уште поголемо внимание токму на предиграта сè додека партнерката добро не се возбуди. Колку е жената е поблизу до оргазмот, толку полесно ќе биде да се почне со пенетрација која ќе доведе до врв на задоволството. Предиграта не ја сведувајте само на љубење и допири, туку и на користење на интересни секс играчки. Користете ја својата фантазија.

Стимулација на клиторис
Пред сексот убаво потсетете му се на нејзиниот клиторис. Со помош на орална и рачна стимулација потрудете се да ја возбудите, а потоа можете да преминете на секс позите.
Змија
Жената лежи на стомак со споени нозе, додека под неа има перница со цел да и биде поудобно и да биде малку подигната. Мажот е над неа со малку свиткани колена и со нозете ги опфаќа нејзините бутини. При пенетрацијата треба само да внимавате да не ја префрлите целата тежина врз девојката.

Кучешка поза
Доколку се изведува под вистински агол во оваа поза и најмалиот пенис се чувствува како голем. Најдобро е задникот на вашата драга да биде подигнат што повисоко додека нејзините раце и рамена се спуштени на перницата.
Зајачки уши
Партнерката лежи на грб со перницата под задникот, бутините се раширени додека нозете се повлечени кон неа така што колената што е можно и се поблизу до ушите. Оваа поза овозможува длабока пенетрација, а освен тоа овозможува и простор за рачна стимулација.