4 фатални грешки при машката мастурбација

Ќе се запрашате што има толку комплицирано кај машкото самозадоволување? Се што ви треба е рака и полов орган. Сепак, понекогаш играњето со „пријателот“ може да предизвика некои компликации, па од задоволство да се претвори во непријатно искуство.

Од играчка плачка

Еден 29-годишен маж завршил во болница откако 2 дена повраќал, имал треска и отекување на пенисот. Откако бил прегледан му била дијагностицирана посебна бактериска инфекција. Како ја добил? Од премногу честа мастурбација. Толку многу мастурбирал по што направил ранички на пенисот, погодни за развивање на бактерии. Затоа кога се самозадоволувате внимавајте да не претерате.

Не стискајте премногу

Дури 60 проценти на фрактурите на пенисот настануваат при мастурбација поради лошо движење и премногу јак стисок. Многу мажи се самозадоволуваат под погрешен агол што предизвикува оштетување на пенисот, па дури и перманентно губење на неговата функција.

Сменете ја раката

Мажите често користат само една рака со цел што побрзо и полесно да се доведат до климакс. Но, тоа може да има негативни последици затоа што пенисот се навикнува само на едно движење и потоа не може да се стимулира на друг начин.

Не за мастурбација на суво

Самозадоволувањето на суво може да предизвика рани и пукнатини на кожата, чиреви, црвенило и болка. За да ги избегнете овие негативни ефекти користете лубрикант кој ќе ви го зголеми задоволството, а воедно нема да биде штетен по пенисот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби