Снимање порно: Вагината се шири, но...

Познатата порно актерка Шанел Престон во кратко интервју за магазинот Cosmopolitan открива неколку интересни нешта за својата професија и за тоа како изгледа животот на една порно ѕвезда.

Cosmo: Дали има определена обука пред да започнеш да работиш како порно ѕвезда или пак одиш и веднаш се фрлаш на работа?

Шанел: Нема 101 порно часови каде што ги учите нештата и дознавате на што сè физички сте подготвени. Со текот на времето, го тренирате телото да прави некои нешта. Мислам, знам дека некои луѓе се смеат на ова, но со текот на времето станувате пофлексибилни...дупката ви се растега, но пак се враќа на старо, не плашете се. На некој начин станувате секс атлети. Некои девојки се природно флексибилни и може да прават најразлични нешта, додека други не се и никогаш не успеваат да направат некои движења.

Соsmo: Дали некогаш режисерот побарал од тебе да направиш нешто што не ти се допаѓа?

Шанел: Вообичаено ги добивам информациите за снимањето еден до два дена порано. За некои снимања знаеме и со недели однапред, па слободно можам да кажам што ми се допаѓа, а што не. Никогаш не се случува да се појавам на сет и да ме изненадат со нешто. Знам што снимам кога ќе се појавам на снимање.

Соsmo: Од неодамна лансираше сајт за сексуално образование...

Шанел: Да, станува збор за сајт кој има за цел да им помогне на луѓето да ги напуштат негативните размислувања за сексот. Луѓето учат за сексот од медиумите или од порното, а тоа не треба да биде едукативен материјал за сексот. Сите сме сексуални суштества и штета е што не ни е дадена шанса да ги искористиме сите нешта со цел да го истражиме тоа. Лошо е кога ги немаме тие ресурси. Тоа нè погодува и јас само сакам да бидам дел од големата промена.

Comso: Кои се најголемите предрасуди кои луѓето ги имаат за твојата професија?

Шанел: Повеќето луѓе мислат дека не сме способни да работиме ништо друго. Тоа значи дека снимаме порно затоа што знаеме само да имаме секс. Но, тоа не е точно. Има многу интелигентни жени кои што избрале да бидат дел од оваа индустрија, претходно имале друга професија и не уживале во неа.

Cosmo: Што вели твоето семејство и твојот партнер за изборот на професијата?

Шанел: Немам некој приватен љубовен живот. Многу сум зафатена и навистина е тешко да се одржува врска. Не знам многу мажи кои би се чувствувале ОК кога треба да одам на работа 5 до 6 пати во неделата. Повремено се состанувам, но немам сериозна врска. Што се однесува до моето семејство знаат што правам, знаат дека сум возрасна личност, која знае што прави и сама донесува своите одлука, па затоа се ОК со мојата одлука. Мислам дека кога би била под влијание или под дејство на дрога не би се согласувале би биле загрижени. Но, тоа не е мојот случај.

Cosmo: Дали користењето на дрога е честа појава во индустријата?

Шанел: Ретко гледам дрогирани девојки на сет, но тоа не значи дека ги нема. Сепак, не би рекла дека е честа појава.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби