Како до пожежок секс ова лето

Дали сте подготвени сексуалниот живот да ви биде жежок и врел како и температурите? Искористете ги сончевите денови и зачинете го вашиот секс, бидејќи од овие предлози ќе ви стане навистина жешко.

Разладете се со ментол и коцка лед



Ако сакате да се разладите на секси начин, пробајте тоа да го направите со ментол бонбони или коцка мраз. Играјте си со партнерот така што ќе го галите со коцка мраз. Исто така, во уста можете да ставите ментол бонбона и полека да го бакнувате по врат, дишејќи му ладен воздух по неговото топло тело. Од игрите топло-ладно секој се возбудува!

Заборавете на гаќичките

Кога доаѓаат топлите денови, единствено нешто што може да трпите на вашето тело е лесен фустан. Бидете дрски и „случајно“ заборавете ги гаќичките кога следен пат ќе излезете со партнерот. Срамежливо кажете му дека не носите долна облека или напишете му го тоа на ливче. Ќе биде нестрплив да стигнете до кревет, па можеби ќе доживеете авантура во автомобилот.

Отворите прозорци

Дома е претопло, а надвор дува пријатно ветерче? Отворете го прозорот и искористете го пријатното чувство покрај него заедно со партнерот. Ако и двајцата сте расположени за тоа, почнете да ја разгорувате желбата за секс, а помислата дека некој може да ве види уште повеќе ќе ве возбуди. Ако сте срамежливи, ова може да го пробате и навечер.

Мијте го автомобилот..заедно



Ова лето заштедете пари и прескокнете ги авто-пералниците. Излезете надвор со партнерот и заедно фатете се за работа. Облечете што е можно помалку облека, а нагоре може да носите бикини. Играјте си, прскајте се и допирајте се. Сигурно нема да стигнете до крај да го исперете автомобилот...

Патувајте како егзибиционисти

Одете на летување? Бидете креативни: галете се на балконот во хотелот, изнајмите педалинка и веслајте далеку од крајбрежјето или искористете ја магијата на ноќното капење. Кога ќе се вратите и ќе се потсетите на тоа како сте биле „авантуристи“, ќе посакате и дома да направите нешто слично.

Направете топлотен бран

Пробајте да не ја вклучувате климата барем една вечер и препуштете се на сочните бакнежи, мокра коса и лизгаво тело. Потоа заедно разладете се под туш и спремајте се за втора тура.

Поставете шатор



Било да кампувате во шума или само во вашиот двор, спиењето под шатор може да биде забавно. Сексот надвор многумина го доживуваат како вистинска авантура, затоа ако не сте го испробале сексот каде што може некој да ве фати, пробајте да го направите тоа под шатор. Ќе имате додатна приватност бидејќи сте затворени, но ќе мора да се потрудите да бидете потивки.

Кажете им НЕ на линијата од бикините

Ако сакате нудизам, поминете ден на таква плажа или ако сте доволно храбри, најдете осамена плажа и потполно соблечете се. Чувството дека лежите голи на сонце е возбудливо. Не заборавајте лосион за сончање за чувствителните делови кои обично се скриени под бикините.

Уживајте во ладна сангрија

Ништо подобро од страстен безгрижен секс! Ослободете се од стегите со ладен коктел кој ќе го направите од сезонско овошје, вотка, текила и рум. Ако сте навикнати на тоа можете да припремате каков било коктел. Најлесно е да купите едно шише сангрија, разладете ја и уживајте со партнерот исто како кога сте биле на одмор. Алкохолот ќе ви ги разгори страстите!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби